1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦСКА Москва - прв руски клуб кој го освои Купот на УЕФА

19 мај 2005

Синоќа во Лисабон во финалето ЦСКА го совлада домашниот Спортинг со 3 спрема 1.

https://p.dw.com/p/Ael0

18-кратниот првак на Португалија Спортинг ја имаше предноста да игра пред своја публика, зашто уште на пред сезоната беше решено дека Лисабон ќе биде домаќин на финалниот дуел. Но, ни поддршката од околу 45 илјади гледачи не му беше доволна за по прв пат да го освои Купот на УЕФА или за втор триумф на европско ниво, по освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1964-та година. ЦСКА, пак, првата победа на гостувањата во годинашниов Куп на УЕФА ја оствари кога беше најпотребно – тому во финалната средба.

Првиот дел од натпреварот беше под знакот на целосна доминација на Спортинг, кој оствари и предност со голот на Бразилецот Рожерио во 29-тата минута. Но, од самиот почеток на второто полувреме ЦСКА почна да создава шанси од контранапади. Израмнувањето дојде во 67-та минута преку Березутски, 9 минути подоцна Ширков се погрижи за резултатски пресврт, а најдраматичните моменти со одиграа во 75-тата минута: прво Спортинг не реализира стопостотна шанса - место мрежата Рожерио ја затресе само стативата на голот на ЦСКА, а во контранапад неговиот бразилски сонародник Вагнер Лав го постигна третиот гол за гостите од Русија и ги отстрани сите дилеми околу исходот.

ЦСКА се најде во Купот на УЕФА откако минатата година беше елиминиран во квалификациите за Лигата на шампионите од македонскиот тим Вардар од Скопје. Спортинг е втор тим кому не му успеа пред своја публика да освои европски куп – тоа и’ се случи и на Рома во 1984-та година во финалето на Купот на шампионите против Ливерпул.