Цунами самит
6 јануари 2005Како итна помош за наредните шест месеци потребни се околу 740 милиони долари, а меѓународната заедница досега вети околу 3 милијарди евра. Претставниците на 26 држави и на голем број хуманитарни организации ќе разговараат и за изградба на систем за предупредување. Инаку, координаторот за помош при Обединетите нации Јан Егеланд во Њујорк соопшти дека само Германија и Австралија вкупно ветиле милијарда евра:
Координаторот Јан Егеланд е воодушевен од готовноста за помош во светот:
“Феноменални цврсти ветувања од Германија и Австралија и благодариме за средствата и за итната помош“.
"Благодариме за авионите и хеликоптерите кои ги ставија на располагање поред се САД, Велика Британија и Сингапур, за конкретните и сеопфатни ветувања од три до 4 милијарди долари", рече Егеланд:
“Светот вистина се обедини. Вакво нешто не сме доживеале“.
Егеланд упати апел и до соработниицте на Обединетите нации:
“Не смееме да потфрлиме, мораме сега да покажеме дека го исполнуваме нашиот мандат, имено, дека се оди преку нациите кои се обединија и кои меѓусебно си помагаат“.