1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цути пиратеријата

26 април 2005

Материјал за филмовите со Џемс Бонд од времето на студената војна беа индустриската шпионажа и пиратеријата на производи. Битката меѓу системите беш и битка за доминантни индустриски производи која не секогаш беше фер. Запад го изгради Конкорд, Исток во исто време го конструираше надзвучниот Иљушин со ист изглед. Сега завесата веќе не е железна, а границите на Европската унија се повеќе се шират кон исток.

https://p.dw.com/p/AeOx

Но, што значи тоа за безбедноста на производите на европските фирми? Една конференција во Берлин се занимаваше се ова прашање:

На неделниот пазар во романскиот град Борша има за купување убави работи. По пониски цени: Адидас патики за 10 евра, парфем за 7, па дури и најновото ЦеДе на Бритни Спирс – 5 евра, оригинално спакувано, но не и оригиналено направено. Ридигер фон Фрич-Шерхаузен, потпретседател на германската известителна служба страхува дека овие производи во иднина се повеќе ќе се наоѓаат и во Германија:

„Пиратски копии на цедиња, на пример, успеваат да минат во голем дел од просторот источно од нашите граници. Владите на источните држави презедоа противмерки. Законите се усогласени со западните норми, но конкурентската збрка и корупцијата го спречуваат нивното спроведување„.

Од тие причини германското стопанство секоја година губи 20 до 30 милијарди евра и 70 илјади работни места, проценува европската комисија. Бизнисот на исток е одлично организиран: плагијатите се произведуваат во Источна Европа или Азија и се продаваат по улиците а, со поткуп, и во легалните дуќани. Германската известителна служба зборува за организиран криминал, зашто големите риби се извлекуваат со плаќање голем поткуп. Во 2003 година, значи пред влегувањето во ЕУ на десетте нови држави, германската царина заплени 50 милиони пиратски производи. Меѓу нив и куриозитетни фалсификати: 41 илјада таблети Вијагра или 11 илјади трепкачи.

Меѓутоа, во пиратските производи има повеќе хајтек продукти како чипови или машини, отколку залепени фалсификувани етикети. Често пиратите стигнуваат до доверливи информации преку шпионажа. Опасност што мора да се прифати сериозно, вели Фрич:

„Мора да тргнеме од тоа дека токму германските фирми се цел на шпионажа од конкурентските фирми, но и од тајните служби од други региони во светот„.

Опасноста расте и поради тоа што се повеќе податоци се чуваат дигитално или се пренесуваат на тој начин. Фрич додава:

„До толку е почудно со колкава безгрижност остануваат незаштитени сензибилни факти или се пренесуваат преку мобилни телефони. Да не се лажеме. Тоа е исто како да користите мегафон, се постигнува истиот ефект„.

Но, и покрај опасноста од шпионажа и копии, фирмите се чини имаат повеќе корист од проширувањето на ЕУ отколку штети. Инаку, не би ги произведувале се повеќе своите оригинали таму каде што досега беа само копирани.