1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦEБИТ 2012: Екстерна меморија, чипови во автомобили...

7 март 2012

Два тренда се кристализираат меѓу огромната понуда на најголемиот светски компјутерски саем ЦEБИТ 2012: мобилност и безбедност.

https://p.dw.com/p/14Foq
Фотографија: Reuters

Научниците од институтот Фраунхофер се посветуваат на уличниот сообраќај на иднината. Во халата 26 тие претставуваат модел-автомобили, како да се оптимира сообраќајот во градовите на иднината и да се редуцираат штетните гасови. Нивниот проект е наречен „Smart Mobility“ и со него автомобилот комуницира преку навигациските системи или смартфон мобилниот апарат на возачот со сообраќајна централа.

Исто така и понудувачот на мобилна телефонија Водафон ја откри темата: комуникација на машина со машина. Концернот во иднина во сите модели на автомобилскиот концерн БМВ ќе вградува чипови, кои ќе имаат слични функции како СИМ картички за мобилен телефон. Со тоа не само што од автомобил ќе може да се сурфа на интернет, туку автоматски ќе се активира повик до спасувачките служби, ако се случи судир.

CeBIT 2012 e-trike
ЦЕБИТ 2012 - превозните средства со нови перформасниФотографија: dapd

„Нема да има Гугл или Водафон авtомобили“, уверува Паус Герлах, портпарол на Водафон. „Како и досега ќе постои БМВ, но во него ќе може да бидат интегрирани сосема нови услуги преку широкопојасно поврзување“.

На Водафон му се познати проценките на аналитичарите, кои очекуваат пазарот за комуникација машина со машина во автомобилската бранша годинава да донесе околу девет милијарди евра.

Сопствен компјутер насекаде

Компјутерскиот гигант ИБМ исто така ја развива темата мобилност. Така истражувачите на ИБМ конструираа нов акумулатор, кој кај електроавтомобилите го исполнува факторот пет, односно со него може да се вози околу 800 километри. Освен ова, управувањето со автомобилот во иднина може да стане и одвишно, кога сите информации од службениот компјутер ќе станат достапни на секој компјутер.

Мартина Коедериц, новиот шеф на ИБМ Германија пред новинарите претстави нов УСБ стик: „Со овој мал УСБ стик е можно една виртуелна слика од својот сметач од облакот (Cloud - екстерна меморија н.з.) сигурно и за само неколку минути да може да се инсталира на секој сметач или лаптоп компјутер“.

CeBIT 2012 Cloud Computing
ЦЕБИТ 2012 - меморија во облаци!Фотографија: Reuters

Но, како може да се гарантира дека чувствителните службени податоци ќе бидат заштитени од несакани упади? „Најголемиот ризик за ИТ седи 30 сантиметри пред мониторот“, вели Михаил Грамсе од рускиот производител на антивируси Касперски Лабс. Самиот корисник е најголемиот безбедносен ризик, и овој корисник има се’ поголеми желби:

„Тој оди кај шефот и вели, не сакам веќе да работам со мојот лаптоп, се’ е премногу тешко, сакам радо да работам на таблет-компјутер“, вели Грамсе.

Кошмар за администраторите

Кошмар за секој ИТ оддел и администраторите во едно претпријатие. Растечката мобилност на соработниците, трендот, приватниот хардвер да се користи и за службени цели, бара нови концепти за безбеден пристап на соработниците до податоците од мрежата на едно претпријатие. Најрадо сите администратори на светов би го исклучиле штекерот, но бидејќи тоа не може, бараат од нивните колеги да користат само испробани хардвери.

CeBit 2005 Live Hacking
ЦЕБИТ 2012 - безбедноста нов предизвикФотографија: AP

„Веќе постојат студии во претпријатијата, кои покажуваат дека растат задоволството и продуктивност кај соработниците, ако можат да работат на сопствен апарат, на кои се навикнати од дома“, вели Михаил Грамсе од Касперски. Со ова се отвора нов предизвик за браншата „’Донеси го сопствениот апарат’ е мега тренд“, вели Грамсe, а Касперски се разбира нуди решение и за оваа дилема. Имено, трендот сопствените апарати да се користат службенo, веќе нема да може да се сопре. За претпријатијата тоа носи нови опасности, а за сите изложувачи на ЦЕБИТ, кои нудат безбедносни системи за оваа проблематика, добри зделки.

Автор: Ролф Венкел/ Aлександра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска