1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чад обвинува француска хуманитарна организација за трговија со деца

30 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bxzh

Во Чад е покренато обвинение против шестмина соработници на француската хуманитарна организација, „Архе де Зое“ поради киднапирање деца и измама. Правосудството на тој начин реагира на контроверзниот обид на организацијата да префрли 103 деца од Чад во Франција. Освен тоа, обвинети се и тројца француски новинари, како и седуммина Шпанци кои биле екипаж на авионот што го резервирала организацијата “Архе де Зое“. Претседателот на Чад, Идриз Деби, ја обвини организацијата дека сакала децата да им ги продаде на педофили или да ги убие за да им ги продаде органите. УНИЦЕФ изрази сомневање дека најмалку 48 деца потекнуваат од Чад, а не од Дарфур. Според оваа организација, најмал дел од децата се и навистина сираци. Организацијата “Архе де Зое“ го отфрла категорично обвинувањата и претпоставува дека станува збор за политички комплот.