1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чеку во Скопје

Александар Чомовски19 септември 2006

Македонија ќе го поддржи секое решение на ОН за идниот статус на Косово – од условна самостојност до независност со супервизија.

https://p.dw.com/p/Ac35
Агим Чеку
Агим ЧекуФотографија: dpa-Bildfunk

Њујорк неделава е седиште на важните консултации околу иднината на Косово. Специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари е во Советот за безбедност, а потоа средба со претставниците на ЕУ и на крајот со министрите од Балканот. Затоа не беше воопшто случаен тајмингот на новиот македонско-косовски премиерски дијалог. Какви сигнали ќе дојдат од Њујорк? Косовскиот премиер, Агим Чеку, откако претходно беше дециден – независност на Косово, со дипломатски речник одговори: “Очекувам многу повеќе поттик и многу повеќе надеж за луѓето од Косово“, изјави Чеку.

И домаќинот Груевски одговори за можните реакции на меѓународната заедница по густината на средбите во седиштето на ОН: “Ние очекуваме мир и стабилност во регионот по серијата средби на медијаторот Ахтисари во ОН“, рече македонскиот премиер.

Чеку во Скопје допатува само три месеци откаио на поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски, му гарантираше непроменливост на границите. Денеска во Скопје беше пречекан од новиот македонски премиер со став околу конечната демаркација со покраината:

“Во моментот на решавањето на финалниот статус на Косово не треб ада има отворени прашања за Косово и од интерес и на Косово е ова прашање да биде затворено“, изјави Груевски.

Тој ги информираше новинарите и својот гостин дека во Брисел на ЕУ и депонирал понуда на Македонија за логистика во развојот на институтциите на Косово. "Секое решение на ОН за статусот на Косово ќе го поддржи и Македонија – од условна самостојност до незваисност со супервизија", рече македонскиот премиер.

Платото пред македонската влада беше претесно за да ја собере бројната делегација од Приштина. Првпат се водеа и разговори за конкретни економски проекти, на што особена нагласка стави гостинот од Приштина. Косовскиот премиер се заложи за потесна економска соработка меѓу Македонија и Косово.