1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Челзи ја сопре Барселона

бг/макфакс/дв19 април 2012

Британскиот тим обезбеди минимална предност пред реваншот во Барселона, откако постигна погодок од единствениот удар во рамки на противничкиот гол.

https://p.dw.com/p/14gqV
Фотографија: Reuters

Фудбалерите на Челзи се стекнаа со минимална предност против Барселона, по првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Челзи на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон го победи актуелниот европски првак со 1:0, со голот на Дрогба, постигнат во втората минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.

Натпреварот мина во тактичкото надмудрување на двајцата тренери. Тренерот на Челзи Роберто Ди Матео успеа во намерата целосно да ја умртви играта и неговиот тим од контранапади да го напаѓа голот на противникот.

Барселона целосно доминираше, ја контролираше играта, но не успеа сето тоа да го круниса со гол. Санчез и Педро ја погодија стативата, а Чех по ударот на Пујол на волшебен начин ја сочува својата мрежа.

Челзи на „Камп Ноу“ во Барселона патува со гол предност, кој сепак не му гарантира мирен реванш. Возвратниот дуел по кој ќе биде познат финалистот од ова полуфинале ќе се одигра на 24-ти април.

Во втората полуфинална пресметка, во вторникот, Бајерн во Минхен го совлада Реал Мадрид со 2:1. Реванш дуелот е в среда, на 25 април.