1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честа промена на влади не овозможува градење доверба

Верица Спасовска17 април 2008

Стопанскиот дел од придружбата на сојузниот германски претседател Хорст Келер критички гледа на предвремените избори во Македонија. Германското стопанство заинтересирано за поблиски економски врски со Македонија.

https://p.dw.com/p/Djgt
Германските стопанственици бараат стабилностФотографија: Petr Stojanovski

Парламентарниот државен секретар во Сојузното министерство за стопанство Хартмут Шауерте вели: „Постојаната промена на влади секако е и знак за нестабилност. Не може да се изгради доволно доверба, а стопанските врски секогаш се во меѓузависност и со личните врски. И, ако владите се менуваат премногу често и за никого не се знае колку долго ќе остане, тогаш се разбира, и мрежата на лични врски е многу кревка“.

Германското стопанство, посебно претпријатијата од средниот сталеж, се заинтересирани за поблиски економски врски со Македонија. Но, во споредба со соседните земји, кои се наоѓаат во трансформација, Македонија е соочена со многу проблеми. Ханс Калб, од консултантската фирма Фихтнер, која дејствува глобално, укажува: „Ако Македонија се спореди со земјите-членки на ЕУ, како Романија и Бугарија, и со кандидатот за пристап Хрватска, тогаш таа мора да се рангира во задните редови. Тоа се однесува на постапувањето на управата, донесувањето решенија, како и на корупцијата“.