1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четврта, од серијалот лидерски средби во Македонија

1 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/B89U

Денеска продолжува лидерската средба во Македонија на која се разговара за јавното обвинителство и судскиот совет. Дали во обвинителството да постои посебно тело за организиран криминал и корупција и како да се разрешува јавниот обвинител остануваат се уште отворени прашања. На последниот состанок во четвртокот, лидерите на политичките партии застапени во Парламентот постигнаа напредок во однос на законот за јавен обвинител. Денешната е четврта, од серијалот средби во изминативе десет дена.