1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири големи градилишта на ЕУ

Кристоф Хаселбах / Александар Методијев3 јануари 2013

ЕУ за 2013-та година си постави многу цели, меѓу останатото и јакнење на монетарната унија за да биде отпорна на кризи. Различни интереси, перцепции и спротивставени мислења можат да се слушнат уште сега.

https://p.dw.com/p/17CWn
Фотографија: Fotolia/ Tatjana Balzer

Годината зад нас (2012) во ЕУ донесе горчливо сознание - колку и да е голема  одобрената помош за должничките земји како Грција, уште долго не е решен темелниот проблем на монетарната унија. Имено, тој дека членките на еврозоната во економски поглед се’ повеќе одат во различни насоки. Дали еврото, тој голем престижен проект на европската интеграција, е можеби со грешка?

Всушност, и самиот Марио Драги, претседателот на Европската централна банка, тоа го призна.

Deutschland EZB Präsident Mario Draghi Pressekonferenz in Frankfurt
Марио Драги укажува дека е потребно да се преземат дополнителни чекори за да се одржи монетарната унијаФотографија: Reuters

„При конфигурацијата на монетарната унија, која сега ја имаме веќе десет години и која главно важеше за одржлива, сега се покажа дека нема да биде одржлива, доколку не се преземат следни чекори“, оцени Драги.

Германија во целиот тој процес на спас на еврото е земја која е во средиштето на вниманието. И канцеларката Ангела Меркел призна дека еврото има свои маани и тоа пред се’ кога е во прашање ускладувањето на економската моќ на новите членки во еврозоната со старите. Меркел истакна дека постои заедничка волја за опстанок на еврото како заедничка европска валута и за негово зајакнување.

„Исто така сметам дека земјите-членки, но и целата ЕУ, се подготвени на темелни реформи“, додаде Меркел.

Британците се плашат за нивниот „финансиски Лондон“

Станува збор за четири големи градилишта на кои истовремено се гради – регулирање на финансиските пазари, надзор над банките со цел создавање на банкарска унија, фискална дисциплина и економско-политичка координација. Кога е во прашање регулирање на финансискиот пазар, ЕУ напредува со мали чекори, бидејќи Британците пред се’ се плашат дека може да се загрози улогата на Лондон како финансиско средиште, а со тоа и британската пазарна конкуренција. Надзорот над банките би требало да се реализира до март 2014-та година.

Geld Euro Münzen
Посебно тешка и голем предизвик е фискалната дисциплинаФотографија: Fotolia/fox17

Посебно тешка тема е фискалната дисциплина. Притоа е сомнително дали новиот фискален пакт ќе успее да внесе дисциплина и во европските редови. На пример Франција, која за многумина важи како новиот „болен член во Европа“, настојува под водство на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд да ги ублажи критериумите. Од голема важност е дали Франција и Италија оваа година ќе успеат да дојдат под границата од три проценти на буџетски дефицит. Додека Оланд се залага за зајакнување на Европа преку поголема солидарност, Меркел зборува за тоа дека и натаму претстојат тешки времиња.

Спротивните погледи меѓу Северот и Југот ќе доминираат и во новите преговори за повеќегодишниот буџет на ЕУ, кои пропаднаа на крајот од 2012-та година.

Меркел сака силна влада на ЕУ

EU-Gipfel zur Zukunft der Union Angela Merkel Francois Hollande
Меркел и Оланд фотографирани на еден од самититеФотографија: Reuters

Посебно тешки и можеби и најважни ќе бидат преговорите околу четвртото градилиште – до самитот во јуни ЕУ сака да разјасни како да се намалат големите економско-политички разлики. Меркел смета дека тоа долгорочно нема да функционира, без да се промени европскиот договор. Канцеларката смета дека земјите-членки би требало во иднина уште повеќе надлежности да предадат во рацете на Европската комисија, за таа да може да се развие во вистинска влада на ЕУ. Но, Меркел призна и дека внатре во европското семејство таа и натаму е прилично осамена со таквото мислење. Но, дури и да дојде до тоа, тоа би било во некоја далечна иднина.

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпој е уверен дека во 2013-та година Европа ќе доживее успех и ќе соработува поблиску.

„Што ќе се случи ако не успееме? Никогаш не одговарам на хипотетички прашања, бидејќи ќе успееме. На крајот од процесот ќе имаме повеќе Европа, а не помалку Европа. А, кризата ќе ја надминеме чекор по чекор“, рече Ромпој. Тој истото тоа го кажа и минатиот јуни, кога кризата го достигна врвот. Дотолку повеќе тоа сега со задоволство го повторува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема