1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири македонски филма на Балкан блек бокс фестивалот

Силвера Падори17 ноември 2006

Од синоќа во Берлин стартуваше осмиот по ред Балкан блек бокс фестивал (ббб). Тоа е единсвениот германски фестивал каде се претстатува филмот, музиката и литературата на земјите од Југоисточна Европа. Годинава во центарот на ббб е Косово, додека од Македонија во Берлин пристигнуваат 4 филма од кои два се во конкуренција за наградите

https://p.dw.com/p/AeT5
Дали во Берлин македонските филмови ќе добијат награда - ќе се знае идната сабота
Дали во Берлин македонските филмови ќе добијат награда - ќе се знае идната саботаФотографија: dpa

„Девојчето со хармоника“, документарецот на Билјана Гарванлиева е само еден о четирите македонски филма кои се во годинешната програма на берлинскиот Балкан Блек Бокс фестивал (ббб). Во конкуренција за наградите на фестивалот се краткиот филм „Алеф„ на Борјан Зафировски и документарецот „Децата од 1948 та’ на Сузана Диневски, посветен на егзодусот од Егејска Македонија. Четврт македонски претставник во Берлин е „Бои на времето“ на Стефан Сасков, филм за македонскиот уметник Милош Коџоман. Мануел Цимер, задолжен токму за филмската приограма на фестивалот за кажува дека годинава на ббб има околу 70 филмови што е една третина повеке од минатат година. Регион кој е во центарот на фестивалот е Косово - што значи филмови од и за Косово. Ќе има и две подиумски дискусии посветени на Косово, особено поради тоа што во моемнтов се водат разговори околи статусот на покраината.

Секоја година во рамките ббб има и музички дел, литературни читања, изложби...

Девојчето со хармионика е прв авторски документарен филм на Билјана Гарванлиева која премиерно ќе биде прикажан на 25 ноември во киното Бабилон. Нејзино е сценариото, режијата и преводот. Како се роди идејата за филмот?

Гарванлиева кажува дека идејата да направи филм аза нејзината внука од Струмица Емилија Обрадова, која свири хармоника се роди по конкурсот на германската телевизија 3 САТ која барала сценарио за девојче од странство.Практиќно како кажува режисерката замислата била да се направи чисто „женски“ филм (сценарио, режија, камера, главна улога...) Прикаазната е за Емилија и нејзината стара хармоника со која сака да освцои награда и со тоа избори место за натамошните студии.

„Голема среќа за филмот беше што зад камерата беше една од најдобрите жени камермани Сузане Шуле. Таа работи исклучуиво документарна камера. Филмот е снимен за 10 дена, во Струмица и Штип, но во три различни годишни периоди: зима, рана и доцна пролет. Цел на Гарванлиева беше да се долови атмосферата од Македонското поднебје да се претстават промените во природата, како и оние на главниот актер на приказната“ објаснува Гарванлиева.

Филмот е на програмата на последниот ден од фестивалот - наредната сабота, кога гостин на Берлин ќе биде и Емилија која ќе оддржи мал концерт со својата стара хармоника.

.