1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чешка е приврзаник на проширувањето на ЕУ

Александар Чомовски11 март 2009

Чешка останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија - порача во Скопје чешкиот премиер и претседавач со ЕУ, Мирек Тополанек.

https://p.dw.com/p/H9f1
Поддршка за Македонија при посетата на Скопје: Тополанек со премиерот ГруевскиФотографија: MIA

Пораката за поддршка на Македонија и земјите од Западен Балкан, наспроти скептицизмот кон проширувањето присутен во одредени центри на Унијата, Мирек Тополанек им ја пренесе на одвоени средби на претседателот на државата Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски. При тоа претседавачот со ЕУ укажа на важноста на претстојните избори: „Македонија мора да ги исполни основните критериуми, темелно да ги спроведува реформите и овој месец да спроведе избори кои за земјата практично претставуваат поправен испит“ - нагласи Тополанек на средбите во Скопје.

Слушнете ги и другите елементи од неговата порака до македонското раководство во следниот аудио прилог.