1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Чиста облека“

10 август 2004

Веќе сега олипиското лого е секојдневје: го има на маиците, капчињата и ранците. Она што за производителите на спортски артикли претсвува милински бизнис, има и друга, потемна страна. Шивачките на олимписката облека од Јужна Америка, Азија и Источна Европа под тешки услови и голем недостиг на време мораат да произведат облека што ќе служи како сувенир за посетителите на олимпијадата.

https://p.dw.com/p/AeQV
Под какви услови е произведена оваа облека?
Под какви услови е произведена оваа облека?Фотографија: AP

Германската кампања “Спортувај фер на Олимпијадите“, иницирана од сојузот на синдикатите и кампањата “Чиста облека“ посебно укажуваат на таквите лоши состојби и се обидуваат во дијалог со големите фирми од браншата да постигнат подобри работни услови во производните капацитети.

“Ние не можеме да ги ослободиме фирмите од нивната одговорност за ефектите на производството. Проблемот е во тоа што и кај нив постои јаз меѓу она што е договорено и она што влијае како политика од други подрачја на фирмите“.

Вака ја опишува одговорниот во германскиот сојуз на синдикатите и активист на кампањата “Чиста облека“ Јирген Екл разликата меѓу официјалната политика на производителите на спортска облека и ситуацијата во производните погони. И покрај доброволната обврска на фирмите, на работничките во текстилните фабрики им се оневозможуваат основните права. На многу од нив им е забрането членство во некој синдикат. Ситуацијата дополнително ја отежнуваат прекувремната работа и намалувањето на платите. Кампањата прави обид да ја сензибилизира јавноста и во директни разговори со фирмите да обезбеди долгорочна промена на политиките на фирмите.

“Секако одржуваме контакти, сето е институзионализирано со водечките фирми во браншата, зашто тие, како големи марки, се посебно чувствителни“.

И германскиот олимписки комитет врши притисок во преговорите за договори со производителите на спортски артикли да обезбеди барем минимални стандарди во производството:

“Германскиот олимпски комитет се приклучи кон нашите барања, меѓутоа се уште не покажа готовност за заедничка изјава или за јавно соопштување на ставот“.

Кампањата “Спортувај фер на Олимпијадите“ не завршува со игрите во Атина. Веќе се планираат активности за светското фудбалско првенство во 2006 во Германија. Оваа кампања објави широка студија за работните услови во фабриките за текстил во која се објавени конкретни примери за лошите услови. Цел на кампањата е на шивачките да им се понуди шанса да работат на безбедно и чисто работно место, да се зачленат во некој синдикат и со регулирано работно време од максимум 48 часа неделно да добиваат плати доволни за живот.