1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Читачот“ ја допре публиката

Силвера Падори9 февруари 2009

Во филмуваниот роман на Бернхард Шлинк, брилјираа Кејт Винслет, Ралф Фајнс и Дејвид Крос, новата ѕвезда на германскиот филм

https://p.dw.com/p/Goga
Дејвид Крос и Кејт Винслет - Мајкл и Хана од „Читачот“Фотографија: AP

“Интернешенал” на Том Тиквер и “Читачот” на Стефен Далдри, се две остварувања кои не се борат за одличјата на Берлиналето, но кои сериозно ја загреаа публиката. Двата филма ги претставија нивните режисери и главните актери. Собирачите на автограми синоќа ги започнаа колекциите со потписите на Кејт Винслет и Ралф Фајнс.

По стартот со “Интернешенал” на Том Тиквер и сторијата за парите, финансиските системи и корупцијата, пред публиката беше филмуваната верзија на еден од најдобрите германски романи на поновото време “Читачот” на Бернхард Шлинк, во режија на Стефен Далдри.

“Многу сме задоволни што филмот го сработивме во Германија. Тоа е позната германска сторија, популарна книга и идејата беше да ја филмуваме изворно. Така пред две години дојдовме во Берлин. Собравме фантастична германска екипа, фантастични актери... Снимавме долго, но ја имаме германската актерска легенда Бруно Ганц и фантастичното откритие Дејвид Крос” - вели режисерот Стефен Далдри, кој е задоволен и од брилјантната игра на Кејт Винслет и Ралф Фајнс.

“Читачот” е приказна за Германија во 50-тите. За љубовта на 15- годишното момче Мајкл (Михаел) со многу постарата Хана. Сторија за страста, но и за миговите на обединување преку книгите, кои момчето и’ ги чита на Хана. Се’ додека еден ден Хана не изчезне. Години подоцна Мајкл ја среќава својата љубовница на обвинителната клупа. Во времето на национал-социјализмот Хана била чуварска во Аусшвиц и се товари за загинувањето на 300 затворенички во една изгорена црква.

"

Книгата ја прочитав пред 5 години. Релативно сум спор читач, но кога ја зедов в раце, ја прочитав за миг. Си реков, тука лежи прекрасна ролја. Но, тогаш бев помлада, имав 27 години, што не беше баш предност за ликот. Минаа неколку години и Стефен ме повика да ја играм Хана! И заклучив дека можам!“ - кажува Кејт Винслет која е гостинка на Берлиналето, додека Ралф Фајнс, кој го толкува Михаел во зрела возраст дополнува дека приказната повеќе бара разбирање за Мајкл и неговата интима, додека Хана е само споната

За Дејвид Крос ова е трет филм, но деби покрај врвни актери како Фајнс и Винслет. Кажува дека ова беше прв филм каде научил како се подготвува една улога. „Долго време минав со Стефен, разговаравме, долго читав...“ 18-годишниот Дејвид Крос, по “Читачот” животот сигирно го води по патеката на славните!