1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човекот, кој уште жив, стана мит

22 февруари 2010

Ако се суди според официјалните документи, денеска се навршуваат точно 200 години од раѓањето на Фредерик Шопен. Меѓутоа, големиот композитор и брилијантен пијанист самиот велел дека е роден на 1 март 1810 година.

https://p.dw.com/p/M7vh
Фредерик Шопен

Точниот датум на раѓање е само една од работите кои не се докрај познати за човекот кој уште за време на неговиот живот бил стилизиран во мит.

Со неговите концерти за пијано, мазурки, валцери и ноктурна Фредерик Шопен, синот на еден француски учител во Полска стана бесмртен. Шопен не е само најпознатиот композитор на романтиката, туку важи за олицетворение на еден уметник- романтичар.

Шуман: Шопен е гениј

Се вели дека тој на пијаното му ја дава својата душа. Во секој случај, Шопен има компонирано музика за пијано која е меѓу најомилените до денешен ден.

Warschau Chopin Denkmal
Споменикот на Шопен во ВаршаваФотографија: Ministry of Foreigns Affairs of the Républic of Poland

Тој е еден од најбрилијантните пијанисти на 19 век, кој животот го започнал како музичко чудо од дете во Варшава. Во 1830 година тој од Варшава заминал во неговиот омилен Париз за да ја развива својата музичка кариера. По почетните неуспеси, гостувал во елитните париски салони и како талентиран композитор станал славен и признат. Композиторот Роберт Шуман по првата посета на еден концерт на Шопен, воодушевено извикал: Тој е гениј.

Предестиниран за идеализирање

Шопен во Франција ја запознал десет години постарата писателка Жорж Санд, која станала негова љубов и инспирација. На нејзиниот селски имот во Ноан се создадени повеќето од најзначајните Шопенови дела. Тој починал млад на 39 годишна возраст, откако поголемиот дел страдал од болести.

Исто како и за околностите и датумот на неговото раѓање, и точните причини за смртта на Шопен не се докрај познати до денешен ден. Некои велат дека тој починал од туберкулоза, други дека му откажало срцето, трети пак шпекулираат за други болести.

Сјајната уметничка појава и неговиот краток живот беа предестинирани за иделизирање и создавање легенди. Митот за Шопен потхранет од овие легенди живее до денес.

Автор: СН/ БГ/ддс/дв

Редактор: Жана Ацеска