1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шамијата пак забранета

6 јуни 2008

На турските универзитети повторно важи забраната за носење шамија. Уставниот суд во Анкара ја поништи спорната одлука со која парламентот дозволи носење шамија на високообразовните институции во земјата.

https://p.dw.com/p/EEYq
Слобода или религиозен симбол?Фотографија: Picture-Alliance /dpa

Во Турција повторно важи забрана за носење шамија на универзитетите. По шестчасовна расправа турскиот уставен суд во Анкара објави дека одлуката, жените да носат шамии на универзитетите е противправен. Со оваа одлука судот ги поништи промените во законот од страна на исламско конзервативна владејачка партија, која во февруари годинава заедно со ултранационалистичката опозициона партија МХП го укина досегашниот закон за носење шамии на факултетите.

Повикување на лаицистичките темели на државата

Во своето писмено образложение судиите укажуваат на членовите 2, 4 и 148 од уставот кои подвлекуваат дека државата се потпира на секуларистички и лаицистички темели. Со ова судиите и дадоа право на кемалистичката опозиција, којашто и ја поденесе тужбата и истовремено проценија дека шамијата е форма за политичко изразување. Шефот на опозиционата партија ЦХП, Дениз Бајкал со олеснување ја прими одлуката

„На владата треба да и биде јасно дека е обврзана да владее без притоа да делува против уставот. Но во последно време повеќепати го прекрши овој принцип. Се надевам дека владата во иднина нема да прави натамошни обиди за промена на членови на уставот.“

Образложението беше- ограничување на слободата на образование

Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоан ја укина забраната за носење шамија на универзитетите со образложение дека со тоа се ограничува слободата на образование во земјата, особено што две од три Турчинки носат шамија.

Противниците на владејачката АКП и премиерот Ердоан и‘ префрлуваат на владата дека води прикриена исламизација на земјата и се обидува да ја омекне поделбата меѓу државата и религијата воведена од основачот на републиката Кемал Ататурк. Од друга страна политичарите од АКП на шамијата гледаат како лична религиозна слобода.

Пресудата на судот се очекува натаму да го заостри внатретурскиот конфликт.