1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шампионатот во Ф1 останува неизвесен

10 јули 2011

Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо победи на трката за Големата награда на Велика Британија, која во рамките на годинашното првенство во формула 1 се возеше на патеката во Силверстон.

https://p.dw.com/p/11sbT
Важни поени: Алонсо на победничкиот пиедестал со Фетел (лево) и Вебер (десно)Фотографија: dapd

Алонсо, кој трката ја започна од третата стартна позиција, до победата стигна со одличната тактика и лошата работа на механичарите на конкурентот Себастијан Фетел. Германецот, кој е актуелен светски првак и лидер во вкупниот поредок ја освои втората позиција, а подиумот го комплетираше Марк Вебер, клупскиот колега на Фетел. Луис Хамилтон, домашниот миленик, кој трката ја започна од десеттата позиција го освои четвртото место, откако во последните педесеттина метри ја одбрани позицијата од Фелипе Маса, вториoт возач на Ферари.

Sebastian Vettel Silverstone Qualifiying Formel 1
Победата во Силверстон се чинеше сигурна: Себастијан Фетел стигна вторФотографија: dapd

По девет трки Себастијан Фетел ја задржа челната позиција во генералниот пласман со 204 бодови, Марк Вебер има 124, додека Фернандо Алонсо со денешната победа се искачи на третото место. Шпанецот има вкупно 112 бодови, три повеќе од пилотите на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон и Џенсон Батон. Кај конструкторите Ред Бул има 328 бодови, Мекларен Мерцедес 218, а Ферари 164. Следната трка во шампионатот ќе се вози на 24. јули во Германија на патеката Нинбургринг.

Автор: ГЧ/ миа

Редактор: Александра Трајковска