1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шансите на Трепча да почне да работи

17 август 2004

Комплексот Трепча на Косово е вистинскиот пример за тешкотиите меѓу Албанците и Србите. Рудникот некогаш беше гордост на поранешна Југославија. Денес е гигантска руина. Проблем: границата меѓу албанските и српските подрачја минува низ седината на рудникот. Кога би се решиле сопственичките односи, би можело да заздрави стопанството на целиот регион.

https://p.dw.com/p/AeQR

Опремата е рѓосана, речиси распадната. Многу од металните скалила водат кон никаде. Еден од некогаш најголемите фабрички оџаци сиот е искривен, пред него стои крш на стар камион. Дворот полн со дупки во кои може едноставно да се исчезне, па од тај агол е можеби и добро што во оваа индустриска руина никој не работи. Германскиот рударски експерт Паул Нелес вели:

“Овие постројки овде се престарени“.

Но, еднаш, порано, комплексот Трепча на Косово беше гордоста на поранешна Југославија. Повеќе од 20 илјади работници работеа во вкупно петте рудници и ископуваа исклучително профитабилни олово, цинк и бакар. Од косовската војна – мирно и празно. Меѓународната управа на околу десет илјади поранешни рудари им исплаќа мала плата за на накој начин да излезат на крај. Сега германскиот рударски експерт Паул Нелес и неговиот британски колега Чарлс Браун треба да го вратат во живот. Ако успее, смета Браун, со еден удар ќе бидат решени многу од косовските економски проблеми:

“Сметано пер капита, на Косово има толкави резерви од богатства како никаде на светот. Само кафен јаглен има околу 10 билиони тони. Но и големи количества олово, цинк, сребро, па дури и малку злато“.

Од тие причини многу меѓународни фиорми стојат во ред пред Нелес и Браун. Меѓутоа, одговорните од Обединетите нации не можат да издаваат права за откоп се додека не се расчистат сопственичките односи. Во случајот Трепча тие се доста замрсени. Зашто рудниците за олово, цинк или бакар не можат да се определат со никаква етничка или географска граница. Резервите се наоѓаат во подрачјата населени со Албанци на север од Косово, но и во српскиот дел од градот Митровица. Под земја некои од жиците стигнуваат дури и до Србија со што се наоѓаат во подрачјето на влијание на Белград.

“Околу една година се обидуваме да организираме средба со Белград за конечно да постигнеме некое решение. Но, српската политика блокира“.

Како привремен менаџер на Трепча, Браун има две бироа. Претпладне седи во мал контејнер на југот од Митровица и се советува со неговиот албански заменик Назми Микуловци. Попладне патува во северниот дел на Митровица кај неговиот српски заменик Јован Димкиќ. Албанските и српските работници во Трепча се строго поделени и тоа не од косовската војна. Проблемите се подлабоки. Во почетокот на 90-сеттите години сите рудари Албанци ја напуштија фирмата. Микуловци вели:

“Дадовме откази како последица на политиката на апартхејд на Слободан Милошевиќ. А бидејќи во косовската војна мојата куќа со сите мои документи изгоре јас ништо не можам да докажам“.

Наспроти тоа Србинот Димкиќ вели:

“Албанците доброволно си заминаа. Тоа беше концентрирана акција на нивните политичари за да извршат притисок врз Белград“.

Како и да е, Србите и Албанците имаат заедничка цел, смета менаџерот Паул Нелес – рудникот конечно повторно да обезбеди работни места:

”Мислам дека е можно најнапред да се работи паралелно. Со размена не само на информации, туку и на машини. Дневната работа мора да се развива и тука гледам шанси. Но, не веднаш во некој голем стил за да може по пет години да се каже: сега имаме целосно функционална Трепча во која без никакви разлики работат Срби и Албанци. Тоа не е можно толку бргу".