1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарците забрануваат минариња

29 ноември 2009

На референдум, мнозинството граѓани се изјаснија за забрана на градење минариња во Швајцарија. Досега има четири џамии со минариња во земјата. Владата стравува од надворешнополитички проблеми.

https://p.dw.com/p/KkS3
Џамија во ШвајцаријаФотографија: AP

Референдумот во Швајцарија за забрана на градење минариња, потврдено е, неочекувано доби мнозинство, тоа изнесува 57 проценти. Претходно, според првичните прогнози, швајцарската телевизија соопшти дека на референдумот „за“ се изјасниле 59 проценти од граѓаните. Иницијативата на двете деснопопулистички партии, покрај потребното мнозинство од петте милиони граѓани, има мнозинство и од 26-те кантони.

Зад иницијативата стојат Швајцарската народна партија и деснопопулистичката Федерално демократската унија, кои побараа забраната за градба на минарињата да биде внесена и во уставот на земјата. Гласачките места беа затворени на пладне. Според дотогашните анкети, се очекуваше иницијативата да биде одбиена. Владата даде таква препорака заради, како што беше истакнато, можното штетење на угледот на Швајцарија во странство. Ваква забрана би била спротивна на човековите права и ги загрозува религиозните слободи, истакна министерката за правда Евелин Видмер Шлумпф. И црквите во Швајцарија застанаа зад забраната зџа градење минариња која ја бараше референдумот.

ЖА/афп/ап/дпа/дв