1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарците се плашат од германските доселеници

СН/АТ/ајг/дпа28 април 2012

Швајцарија неодамна воведе квоти за доселувањето на граѓани од осум источноевропски земји. Сега има и повици за ограничување на германските доселеници.

https://p.dw.com/p/14mT7
Фотографија: Reuters

„Навистина имаме премногу Германци во нашата земја“, изјави пратеничката во швајцарскиот парламент Натали Рикли и со тоа покрена вистинска лавина реакции особено на интернет. „Книжевниот германски јазик, кој се случа насекаде, навистина полека, но, сигурно ми оди на нерви“, пишува еден читател на швајцарскиот весник „Тагесанцајгер“.

Во една телевизиска дебата младата парламентарка од редовите на конзервативната Швајцарска народна партија заклучи: „Да бидеме искрени, луѓето се вознемирени, бидејќи имаме премногу Германци во нашата земја. Тие го оптоваруваат швајцарскиот пазар на труд, училиштата, инфраструктурата, јавниот сообраќај, патиштата, кириите“. Натали Рикли ја обвини швајцарската влада за направен пропуст, дека не го ограничила доселувањето на Германци во земјата. Инаку швајцарската влада и онака е цел на критика од Европската унија, дека законски го има ограничено доселувањето на граѓани од осум источноевропски држави.

schweizer Politikerin Natalie Rickli
Швајцарската политичарка Натали РиклиФотографија: picture-alliance/dpa

Стравувања дека Германците ќе ја преплават Швајцарија

Матиас Естерман основач на „здружението на Германци во Швајцарија“, вели дека оваа 35-годишна политичарка се обидела да го искористи постоечкото негативно расположение за стекнување политички поени. За германската новинска агенција ДПА Естерман изјави:„Луѓето така мислат, но, никој не се осудува тоа да го каже јавно“.

Естерман признава, дека во последните години во Швајцарија се доселиле многу Германци, што пак кај многу Швајцарци очигледно предизвикува стравувања, дека соседите буквално ќе ја преплават нивната мала земја. „Со нашиот отворен пристап ние сме многу упадлива земја. Токму таа ектровертираност Швајцарците не ја сакаат“, објаснува Естерман.

Од вкупно 7,9 милиони жители на Швајцарија, 1,8 милиони се странци. Германците со 270 илјади се втора по големина доселеничка група зад Италијаните со 290 илјади. Освен тоа од пограничните подрачја многу Германци секојдневно одат на работа во Швајцарија. Најголемиот дел од нив работат во угостителството и во здравството, како и во многу висококфалификувани професии.