1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест години од воениот конфликт во Македонија

Александар Чомовски14 март 2007

Од тетовско Кале до кумановско Слупчане Македонија го измина патот на конфликти, жртви, ранети но и самопронаоѓање на новиот тип мултиетничко општество. Шесте години се премалку за историска дистанца и одговор на прашањето: кој и зошто се бореше?

https://p.dw.com/p/AdYr
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Политичарите го скроија Рамковниот договор и Охридското примирје, но македонските непосредни учесници од редовите на ОНА и македонските безбедносни сили се повеќе самите се справуваат со личните последици, раните и социјалниот статус. Семејството на Абедин Зумбери командант во ОНА кој го контролираше липковскиот крај е веројатно со најголемиот број жртви меѓу Албанците припадници на ОНА во 2001 година „Деца, жени, млади беа погинати, масакрирани. Затоа не сакам да се враќам во периодот 2001 година, пред Охридскиот договор. Не сакам да се потсеќам на тие грди војувања.“

Абедин Зумбери сега е еден од водачите на така наречените ветерани на ОНА „Борци за човекови права во маскени униформи во планина. Кога сме кај тие човекови права, спроед тогашните меѓународни стандарди, Македонија од сите меѓународни субјекти беше пофалувана како држава каде што албанското малцинство ужива највисоки права.“ вели екс полицискиот генерал Стојанче Ангелов кој како специјалец беше тешко ранет и во животна опасност. Тој денеска изразува незадоволство од грижата на државата за социјалниот статус и згрижувањето на децата но и на ранетите припадници на македонските безбедносни сили.

Телевизиското соочување на поранешните припадници не ја покажа етничката омраза. Но спомените од воените судири ја изразија различноста на перцепцијата на Македонците и Албанците за воените конфликти „Како дојде до војна? Зошто дојде до војна? Ако почнеме да се враќаме назад и да се пресметуваме едни со други националисти или терористи или што и да е ние се враќаме назад.“

Последиците од војната ги чувствуваат околу 300 семејства на македонските бранители и околу 200 припадници на ОНА. Каков стастус за нив? Прашањето неодамна го отвори и лидерот на ДУИ и поранешен водач на ОНА Али Ахмети во разговорите со премиерот Никола Груевски. Но што е со македонските бранители „Денес се борам за некои од децата дали за стпендија, дури и некои банални проблеми за сместување во студенски дом итн. Што државата некако го изгуби слухот.“ вели Душко Стојановски експерт за надминување на конфликтите од невладината организиација „За сите деца“.

Без воинствени униформи и говорот на куршумите, лутите довчерашни борци од рововите во 2001 година на крајот од телевизиското соочување срдечно си подадоа рака, разменија телефони. Војната се подзаборава, но дали се мисли на последиците од неа.