1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шеќеринска нов лидер на СДСМ

Александар Чомовски6 ноември 2006

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по долга дебата избра нов лидер и секретар на партијата.

https://p.dw.com/p/AdbH
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Прва жена лидер во партискта историја на СДСМ. За Радмила Шеќеринска претстои тежок период за идеолошка реформа и обединување со фракцијата на нејзиниот претходник Владо Бучковски „Социјадемократскиот сојуз на првите наредни парламентарни избори ќе се врати онаму каде што припаѓа: На позиција да ја менува Македонија на подобро. Да ја направи Македонија стабилна и сигурна за секој граѓанин.“ рече Шеќеринска

Радмила Шеќеринска за една деценија од младински стана шеф на СДСМ. Нејзината енергичност и работливост, ја регистрираше домашната администрација и дипломатите кои со неа ги координира евро – обврските на Македонија. Како вице премиер за евро – интеграции успеа да ги одговори трите илјади прашања од Брисел и да ја доведе Македонија со претходната влада, до кандидатски статус во Европската унија.

Минчев нов секретар на партијата

По 14 часовна дебата и долга процедура на гласање вонредниот Конгрес на СДСМ изутринава избра и генерален секретар. Горан Минчев кој ги отфрли медиумиските критки дека ќе биде продолжена рака на претседателот Црвенковски во партискиот врв на СДСМ. „Како генерален секретар немам намера да седам во канцеларија туку напротив моите задачи и обврски ќе бидат сосема обратни. Присуство со членовите во нивните општински организиации, во нивните месни организации, а верувам дека максимално добро ќе ја исполнам таа задача.“

Бучковски нема да прави фракција

Минчев го порази Љупчо Јордановски, преку кого поранешниот премиер Владо Бучковски се обиде да инсталира своја фракција во партискиот врв. „ Можам да гарантирам дека Владо Бучковски ниту ќе прави фракција нуиту размислува да се одметне од СДСМ“

На новото раководство на Социјалдемојкратскиот сојуз му претстојат тиресетина месеци за да ја тестира можноста како да го победи ВМРО ДПМНЕ на следните претседателски и локални избори. По парламентарните избори изминатово лето СДСМ со само девет до десет насто имаа најниска доверба во електоратот.