1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шиповиќ ќе биде испорачан во Македонија

ЕМФ/макфакс/миа11 ноември 2013

Австрија ја одобрила екстрадицијата на претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Агенцијата Макфакс јавува дека документот со којшто се одобрува екстрадиција во Скопје пристигнал во петокот (08.11).

https://p.dw.com/p/1AFKt
Фотографија: MIA

Мирослав Шиповиќ, кој е претседавач на Советот на општина Центар, е во Виена речиси еден месец откако му беше одреден екстрадиционен притвор. Тој беше уапсен на виенскиот аеродром по распишана меѓународна потерница, откако беше осомничен за криминал во фирмата „Машинопромет“. Во таканаречениот случај „Претседавач“ 12 лица заработија кривични пријави под обвинение за сторен криминал тежок еден милион евра во АД „Машинопромет“. Од нив, осуммина заработија мерка притвор.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар пред една недела (05.11) побара да биде изгласан нов претседател на Советот поради опасноста од блокирање на работата на Советот и функционирање на општината. СДСМ реагираше со констатација дека „Шиповиќ е легитимно избран за Претседавач, согласно волјата на граѓаните на последните локални избори, а неговото оправдано отсуство е резултат на политичкиот процес што власта го води против него“.