1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Широкоградиот„ концерн

21 јули 2004

Мајкрософт на своите акционери во наредните 4 години ќе им исплати вкупно околу 75 милијради долари. Ова е најголемата вкупна исплата на сопственици на удели што било кога ја направила некоја фирма.

https://p.dw.com/p/AeQg
Бил Гејтс и ортаците
Бил Гејтс и ортацитеФотографија: AP

Мајкросфот седи врз еден монументален рид од 56 милијради долари во форма на ликвидни средства и краткорочни инвестиции. Затоа акционерите и Вол Стрит се погласно бараа зголемување на малите дивиденди и откуп на акциите. Во вторникот софтверскиот гигант им попушти на притисоците и најави дека на своите анкционери во текот на наредните 4 години да им исплати околу 75 милијради долари. Никогаш порано еден концерн не решил на своите акционери да им исплати толкава сума. Концернот најави дека планира удвојување на дивидендите, вонредна дивиденда од три долари по акција и откуп на сопствените акции во вредност од 30 милијарди долари. Во истиот момент акциите на Мајкросфот пораснаа за нови долар и 16 центи по акција и сега изнесуваат 29,84 долари. Шефот на концернот Стив Балмер решението го образложи со тоа дека на ваков начин долгорочно можат да растат прометот, добивките и вредностите за акционерите. Сите седум подрачја на бизнисот на фирмата покажуваат пораст. Основачот на фирмата Бил Гејтс дополни дека истражувањето и развојот нема да страдаат од последиците на исплаќањата. Концернот месечно прави доволно промет за да може да дејствува со големи инвестиции. Гејтс најави во тековнава година нови 3 илјади патенти.