1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шкотска пробува да замине од „круната“

Сузане Гелхард / Александар Методијев18 август 2012

Тие се горди и пркосни, тука во Шкотска, далеку од Лондон. А, тие - Шкотланѓаните, всушност од секогаш се против Англија. Сега тоа прерасна во политичко движење со се’ повеќе приврзаници.

https://p.dw.com/p/15YaN
Фотографија: picture-alliance/dpa

Енгус Робертсон независноста ја има цврсто на ум. Тој сака да освои мнозинството, а речиси 40 проценти се веќе за тоа. Неговата мајка е Германка, а таткото Шкотланѓанец. А, оваа убава земја на северот е неговата татковина.

„Шкотската независност за мене е животна задача. Така што ова се навистина, навистина возбудливи времиња. А, ние ќе постигнеме нешто на што би можеле да бидеме горди“, вели Енгус Робертсон, член на Шкотската национална партија.

За Енгус Робертсон се’ е јасно. Шкотска е богата со нафта и гас, кои се сокриени пред брегот и се доволни да ја осигураат економската независност. Но, има и други луѓе кои се сомневаат токму во ова. На пример рибарите, кои мораат на работат надвор на платформите, зошто од морето веќе не може да се живее.

„Рибарската флота ја нема. Малку од тоа е останато тука. Извозот на виски секоја година расте, но земја неможе да живее само од продажбата на виски. Кога ќе ја снема нафтата, не знам што ќе се случува“, вели рибарот Дејвид Мејн.

Leck an Plattform in der Nordsee - Gas strömt weiter
Од морето веќе не се живее, па рибарите работат на опасните платформи за нафтаФотографија: picture-alliance/dpa

Владата од Лондон - непопуларна

Енгус Робертос мора да ги убеди луѓето како него. Како менаџер на изборна кампања тој го донесе Алекс Селмонд и Шкотската национална партија на власт. Тој е клучниот човек од позадина и денес е човек од доверба на шкотскиот премиер, кој многу пред Барак Обама му даде белег на слоганот „Да, ние можеме“.

„Конзервативните премиери од Лондон навистина не се популарни во Шкотска. Факт е дека премиерот се обидува да ја смири нашата дебата и тоа тука сосема лошо се прифаќа. Колку повеќе тој се меша, толку посилни ќе станеме“, објаснува шкотскиот премиер Алекс Селмонд.

Но, има многумина кои се неопределени. А, Робертсон сака нив да ги придобие. Неговото скриено оружје е оваа база на податоци. Четири милиони гласачи се вклучени тука. Приходи, образование, возраст, избирачко однесување – информации од неговите соработници и маркетиншки податоци, кои можат да се купат во Велика Британија.

„Овој систем го нема ниту една друга партија во Шкотска, Велика Британија или Европа. Нашите противници го немаат и тоа е голема предност за нас“, објаснува Енгус Робертсон.

Königin Elisabeth II. von England
Шкотска сака да се тргне од британската крунаФотографија: picture-alliance/dpa

Работа со населението

Планот има војничка прецизност. Од градовите до Хајландс, кампањата треба да мине и низ највисоката област – Томинтол.

„Томинтол е како и секое село или мал град. Многу, многу луѓе се неодлучни. Тоа е причината за оптимизмот“, вели Робертсон.

„Треба многу да направите?“, прашува новинарката.

„Многу да направиме. Да“, одговара тој.

На пат сме кон Томинтол, во срцето на Хајландс. Точно во центарот на селото е продавницата за виски на Мајк Друри. Тој е отворен за се’ што и’ користи на Шкотска.

„Прво се’ тие треба се’ да стават на маса,  што значи независноста, а потоа какви се последиците од неа не само за пет години, туку и за 25 години“, вели продавачот на виски Мајк Друри.

Во Шкотска некои работи се подобри отколку во Англија

Овде работите се поинакви - нема школарина како во Англија, а лековите се бесплатни. Подобро е отколку во Лондон – тоа е пораката на шкотскиот премиер, кој лично беше тука.

Тие се’ уште ја имаат својата шкотска фунта, но Мајк Друри може да си го замисли и еврото, ако тоа е добро за шкотската економија.

„Ако е се’ во ред со еврото, тогаш веројатно Шкотска ќе има можност да донесе своја одлука за тоа“.

Flagge Fahne Schottland
Шкотското знаме - земјата за две години планира референдум за независностФотографија: picture alliance / empics

Тинејџерите надвор имаат поинакво мислење:

„Мислам дека повеќе сакам Шкотска да не биде независна“.

„Не мислам дека ќе има корист од тоа“.

„Навистина слушнав главно негативни работи. Никогаш не слушнав за придобивки“.

„Нема позитивни работи. Зар има?“

Пред Енгус Робертсон да ги убеди гласачите овде, мора да ги усогласи ставовите на партиските активисти. Сите локални клубови редум ги посетува со своето „уан-мен-шоу“ – секој викенд различен клуб.

„Се вели дека Германците имаат длабински пристап на работите. Добро, јас тоа во секој случај го имам“, вели тој.

Робертсон секого лично го поздравува. Вие сте иднината на независноста, им вели тој ним. „Каде и да сретнете пријатели, колеги, познаници – изнесете ја темава пред нив“.

Да ние можеме – на крајот тие се оптимисти и се обединети во чувството дека можат да го постигнат тоа.

„Фантастично е што го имаме, што може да влијае врз секого и што дава придонес“, вели една жена.

„Тој успешно водеше две кампањи, многу научивме од овие кампањи и ќе го искористиме тоа во следниов чекор“, вели еден маж.

Во следните недели Енгус Робертсон има фиксна програма со неговото „уан-мен-шоу“ за шкотската независност. А, шансите за тоа не се воопшто лоши.