1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шкотска следната година ќе гласа за независност

БГ/миа21 март 2013

Шкотска ќе одржи референдум за независност на 18-ти септември 2014 година, соопшти шкотскиот прв министер Алекс Салмонд. Според него, земјата има доволно ресурси за самостоен развој:

https://p.dw.com/p/182Fn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шкотската национална партија на Алекс Салмонд (на фотографијата горе) го освои мнозинството во шкотскиот парламент на изборите во мај 2011 година, што на овој харизматичен политичар му даде шанса да ги прекине врските со Лондон. Моменталните анкети покажуваат дека околу 30 отсто Шкоти ја поддржуваат независноста, додека околу 50 отсто заговараат статус кво.

Условите за референдумот се договорени со британската влада во октомври минатата 2012 година. „Гласот ’за’ гарантира иднина во која можеме да бидеме сигурни, стопроцентно сигурни, дека народот на Шкотска ќе има влада којашто сама ќе ја избира“, изјави Салмонд во говорот пред парламентот најавувајќи го датумот на референдумот.

„Изборот со секој ден е се појасен - да се искористат нашите богати ресурси и таленти за да можеме да изградиме подобра земја, или да продолжиме со ’вестминстерскиот’ систем кој за Шкотска едноставно не функционира“, додал Салмонд.

Шкотската национална партија смета дека приходите од нафтата од Северното Море и локалната индустрија ќе овозможат напредок за независната Шкотска, меѓутоа другите партии застапени во парламентот во Единбург; како и британската влада во Лондон; велат дека загуби ќе претрпат и Шкотска и остатокот од Обединетото Кралство.