1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шок и конфузија во ОН

СН/ЕМФ/афп/миа/дпа19 октомври 2013

По спектакуларното откажување на Саудиска Арабија од местото привремена членка на Советот за безбедност, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун порача дека има намера и натаму тесно да соработува со кралството.

https://p.dw.com/p/1A2Vd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Првиот човек на Организацијата на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, информираше дека досега не добил никакво известување од Ријад, дека Саудиска Арабија го одбива привременото членство во Советот за безбедност на ОН, а официјална нота не стигнала ни до претседавачот на Генералното собрание на Светската организација.

„Ги повикувам земјите членки да соработуваат со сите органи на ОН, и да продолжат да дејствуваат да ги подобриме работните методи на Светската организација“, изјави Бан по седницата на Советот за безбедност. „Се радуваме дека и натаму многу тесно ќе соработуваме со кралството Саудиска Арабија и ќе им пристапуваме на многу важни предизвици“, изјави генералниот секретар на ОН.

Чекор без преседан

Ban Ki-moon New York 27.09.2013 Overlay
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки МунФотографија: picture alliance/abaca

Генералното Собрание на ОН (насловна фотографија) во четвртокот за првпат ја избра Саудиска Арабија, (заедно со Чиле, Нигерија, Литванија и Чад) за нова привремена членка на Советот за безбедност. Неполни 24 часа потоа Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека земјата се откажува од местото привремена членка на Советот за безбедност, поради „неспособноста на ОН реално да учествуваат во решавањето на воените конфликти“. Како пример за тоа министерството во Ријад ја наведе граѓанската војна во Сирија и притоа ја обвини Светската организација дека применува двојни стандарди.

Сѐ уште е нејасно како ќе се постапува натаму и дали по откажувањето на Саудиска Арабија ќе има повторен извор на нова привремена членка на Советот за безбдност. Обединетите Нации и самите се изненадени, зашто очигледно ваква ситуација досега немало. „Дури и колегите кои долго работат тука и извонредно ги познаваат Обединетите нации не можат да се сетат на ваков случај“, изјави портпарол на Светската организација.

Реакциите на дипломатите во ОН на одлуката на Ријад пак се движат меѓу шок и конфузија, јавуваат известувачите на светските медиуми од седиштето на Светската организација во Њујорк.