1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шопинг додека не се малакса

24 декември 2010

Божик во Сингапур е сон во стреч лила панталони. Патем, мултиетничкиот Сингапур со Божик има отприлика толку заедничко колку што Рим има заедничко со Рамазан.

https://p.dw.com/p/zoG4
Фотографија: Fotolia/amandare

Елката е поставена на покривот на Виво Сити, еден од најголемите шопинг-центри во Сингапур, уште во октомври. Шопинг-центарот е сместен покрај море, веднаш до товарното пристаниште, економското срце на градот-држава. Напроти него, на островот Сентоса свети новото казино „Ресорт ворлд Сентоса“. Сингапур е комерција.

Божик е насекаде. Во продавниците, кинески продавачки ги служат муштериите со црвени капчиња, или пак ставаат капи со рогови на ирвас. Германска и американска божиќна музика ечи од продавниците, рестораните, кафулињата, па дури и од интернет-кафеата. Како дополнување има паради, интерактивни јасли, божиќни села, елки што пеат и натпревар на стоковните куќи за тоа која е најдобро украсена.

Weihnachten in Deutschland Flash-Galerie 019
Фотографија: Maksim Nelioubin

На крајот се‘ личи како шопинг-зона во центрите на германските градови, а мултиетничкиот Сингапур со Божик има отприлика толку заедничко колку што Рим има заедничко со Рамазан. Поголемиот дел од Сингапурците се кинески будисти. Муслиманските Малајци и хиндуистичките Индијци се мнозинство. Христијаните во Сингапур се многу мала група. Но, не станува збор за религија, туку за „ќарот“, облечен како Дедо Мраз. Будистите, хиндусите и муслиманите би требало да се натераат да купат подароци за празник што воопшто не го слават.Божиќната порака упатена до светот гласи: „Дојдете во Сингапур, купувајте до малаксаност, трошете кај нас.“

Што мислат будистичките монаси, муслиманските имами и христијанските свештеници за целата брканица и турканица, може да се претпостави. За да се зачува хармонијата меѓу религиите и меѓу различните етнички групи во Сингапур, религиите не се изјаснуваат околу општествени прашања. Впрочем, места на божиќен мир има и во Сингапур - црквите!

Автор: ЕМФ/БГ/кна

Редактор: Жана Ацеска