1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шојбле го потсетува Самарас дека треба да штеди

ЕМФ/афп/ард22 ноември 2013

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го повика грчкиот премиер Андонис Самарас да се држи до курсот на штедење и реформи. Самарас денеска е на разговори со канцеларката Меркел.

https://p.dw.com/p/1AMLz
Фотографија: dapd

Никој не смее да ги намали напорите „веднаш штом ќе бидат регистрирани првите успеси“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска (22.11) за радиото Зидвест Рундфунк, потсетувајќи го грчкиот премиер Андонс Самараса дека треба да продолжи со курсот на реформи и штедење. Германија билатерално ќе стори се‘ за да им помогне на Грците „на нивниот особено напорен пат“, вели Шојбле (на насловната фотографија). Предуслов за тоа, меѓутоа, е Атина да си ги исполни обврските.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се среќава со грчкиот премиер Самарас. Тој, како што се најавува, има намера да разговара за олеснувања во процесот на намалување на грчките долгови. Грчката влада се надева на пониски камати или на подолги рокови за отплата на кредитите, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“.

Merkel und Samaras in Berlin 08.01.2013
Самарас и Меркел во Берлин 08.01.2013Фотографија: Getty Images

Поради финансиската и должничка крриза односите меѓу Германија и Грција се значително заладени во последните години. Многу Грци сметаат дека Берлин е главен виновник за тешките услови за штедење наметнати од страна на меѓународните инвеститори.