1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија дополнително ќе штеди

БГ/СН/ртр/афп/миа11 јули 2012

Шпанскиот премиер Мариано Рахој најави нова редица редица мерки за штедење во земјата во вредност од 65 милијарди евра. Инаку во земјата секојдневно се штрајкува поради лошата економска состојба и социјалните кратења.

https://p.dw.com/p/15VKW
Фотографија: Reuters

Шпанската влада усвои дополнителни кризни мерки со кои се предвидуваат зголемување на данокот и намалување на трошоците со цел да се заштедат 65 милијарди евра од буџетот во следните две и пол години. Откако ЕУ вчера му даде дополнителен рок на Мадрид за враќање на долговите, Владата на конзервативниот премиер Мариано Рахој одлучи да ги намали платите на јавните службеници и постепено да ја зголемува границата за одење во пензија од 65 на 67 години, објави денеска Рахој во обраќањето пред парламентот во Мадрид. Тој истакна дека економијата најверојатно ќе стагнира во наредната година, што е спротивно на неговата претходна прогноза за минимален стопански раст во 2013-та година.

„Денес во Шпанија е невозможно да се остварува раст и да се создаваат работни места. Ја доживуваме втората по сериозност рецесија во нашата историја“, рече Рахој.

Рударите продолжуваат да штрајкуваат

Десетици илјади Шпанци инаку денеска се придружија рано утрината во протестите на рударите од рудникот на јаглен,демонстрирајќи против намалување на рударските субвенции.

На рударите, кои биле околу 400, им се придружија голем број обични граѓани кои исто така, лути заради штедењето кои Владата го воведе како одговор на финансиската и економската криза.

Madrid Spanien Protest Demonstration Bergarbeiter
Фотографија: dapd

Во текот на повеќедневните протести на рударите во северниот дел на Шпанија избија судири со полицијата, но утринскиот протстен марш помина мирно откако демонстранитесе собраа на централниот мадридски плоштад Пуерта дел Сол.

Тие протестираат поради намалување на субвенциите од 63 отсто за рударските компании кои се обидуваат да го одбранат својот дел на шпанските пазари на енергенси од електраната која работи на гас и од обновливите извори на енергија и да го сочуваат својот јаглен од евтиниот увозен јаглен.

Рударите во рудниците на јаглен заработуваат во просек 1.200 евра месечно, рече портпаролката на УГТ, Кончи Алонсо, додавајќи дека оваа индустријаречиси изумира.

Во Шпанија има меѓу 8.000 и 9.000 рудари кои работат во рудниците на јаглен, додека пред 20 години само во Астурија биле речиси 30.000.

Новата конзервативна Влада покрај намалувањето на бенифициите на рударските компании ги намалила и субвенциите за рударите кои сакаат да се преквалификуваат за други професии и за школување на нивните деца во сиромашните рударски региони.