1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија и Грција со рекордна невработеност

6 јануари 2012

Стапката на невработеност во еврозоната и натаму е на рекордно високо ниво, како и минатиот месец и за ноември изнесува 10,3 проценти, соопшти денеска европската служба за статистика, Евростат во Луксембург.

https://p.dw.com/p/13fO6
Фотографија: BilderBox

Најновата информација од Евростат за стапката невработеност во ноември значи дека веќе седум месеци по ред во еврозоната невработеноста е над десет проценти. Просечната невработеност во целата ЕУ со сите 27 земји членки, сезонски условено, исто така останува непроменета во однос на октомври - 9,8 насто.

Според податоците на европската статистичка служба, најсилно се погодени Шпанија со 22,9 проценти невработеност и Грција, од каде податоците од 18,8 насто датираат меѓутоа за септември. Најмалку треба да се загрижени Австрија со стапка невработеност од 4 проценти и Луксембург и Холандија со 4,9 насто. За Германија Евростат објави бројка од 5,5 проценти. Таа не се поклопува со онаа на германската Агенција за труд, 6,4 проценти, што се должи меѓутоа на различниот начин на пресметување.

Автор: ЖА/ афп/ дпа

Редактор: Александра Трајковска