1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија и Русија финалисти на ЕП во кошарка

16 септември 2007

Германија обезбеди пласман во меѓуквалификацискиот турнир за учество на ОИ во Пекинг.

https://p.dw.com/p/BgNW
Словенците немаа решение против него, Дирк НовицкиФотографија: AP

Домаќинот на ЕП во кошарка Шпанија и Русија се двете репрезентации кои вечерва ќе се борат за златниот медал на шампионатот. Шпанците во полуфиналниот натпревар ја совладаа Грција, со 82:77. Русија беше подобра од Литванија совладувајќи ја со 86:74.

Германија со вчерашниот триумф против Словенија обезбеди пласман на меѓуквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Пекинг наредната година. Попладнево селекцијата на Германија во натпревар за петото место се среќава со Хрватска.