1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија-откриен експлозив во автомобил

22 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzHt

Две недели по прекинот на примирјето од страна на баскиската илегална организација ЕТА,шпанската полиција во автомобил во Јужна Шпанија открила 100 килограми експлозив и детонатор.Освен тоа биле пронајдени и документи кои укажуваат дека експлозивот припаѓа на ЕТА.Оваа организација на почетокот на јуни го прекина мирувањето на оружјето кое беше во сила.Таа 40 години се бори за независност на Баскија,при што загинаа повеќе од 800 луѓе.