1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија сочувствува со Британците

8 јули 2005

Бомбашките напади во Лондон во Шпанија ги разбудија се‘ уште свежите сеќавања на сличните атентати во главниот град Мадрид. На 11. март 2004-та во неколку воза од приградскиот сообраќај беа поставени експлозивни направи, од кои животот го загубија 191 лице, а преку 1.500 беа повредени.

https://p.dw.com/p/AcE8
Повредени во нападите врз приградските возови во Мадрид на 11. март 2004
Повредени во нападите врз приградските возови во Мадрид на 11. март 2004Фотографија: AP

„Мислам повторно на она што минатата година се случи овде во Мадрид, потолно истото како во Лондон, само што овде имаше повеќе жртви. Многу ми е жал за градот и можам да си замислам како се чувсувтваат неговите жители. Сочувствуивам со нив и се надевам дека наскоро ќе го преболат сето„ – вели еден млад бизнисмен од шпанскиот главен град.

„Се сеќавам се уште живо: тогаш работев и се беше многу хаотично, прво стануваше збор за 20 жртви, а потоа бројката растеше се‘ повеќе и повеќе. И сето време се надвиваше неверојатна тага.„

Со Британците сочувствува и премиерот Хозе Луис Запатеро:

„Шпанија страда со години од тероризмот и на 11 март минатата година стана жртва на до тогаш најстрашниот атентат во Европа. Ние Шпнаците точно знаеме какво страдање го погоди сега британскиот народ.„

Запатеро веднаш ги покачи мерките за безбедност на највисок степен.