1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанското стопанство се намалува и намалува

АТ/ дпа/ ртр/ дапд30 јули 2012

Шпанија е силно погодена од должничката криза и се’ повеќе запаѓа во рецесија. Конјунктурата спласнува, потрошувачката опаѓа, а ММФ прогнозира дека економијата и натаму ќе назадува.

https://p.dw.com/p/15gkJ
Фотографија: picture-alliance/ZB

Заводот за статистика на Шпанија денеска немаше добри вести: од април до јуни брутодомашниот производ се намали за 0,4 проценти. Во двата претходни квартали БДП се намалуваше по 0,3 насто. Со ова четвртото по големина стопанство во еврозоната влезе уште подлабоко во рецесија и се смета за следниот кандидат за европскиот спасувачки чадор.

Шпанското стопанство е многу оптоварено поради драстичниот курс за санација на владата во Мадрид, кој предвидува штедење и покачување на даноците. Невработеноста изнесува речиси 25 проценти, односно највисока по воведувањето на демократијата кон средината на 1970-тите години. Откога се води статистиката, од 1976 година не било регистрирано повисоко ниво на невработеност. Според шпанската емисиона банка шпанското стопанство е силно погодено особено поради намалената побараувачка на домашниот пазар. Благодарение на растечката надворешна трговија, ова не се одразува целосно врз економскиот учинок. 

Arbeitslosigkeit Spanien
Невработеноста во Шпанија на рекордно нивоФотографија: dapd

ММФ проценува дека стопанството на Шпанија годинава ќе опадне за 1,7 проценти и дека дури 2014 година ќе тргне по курсот на пораст. Комисијата на ЕУ предвидува дури и минус од 1,8 проценти.

Шпанија се смета за една од земјите со големи проблеми во еврозоната. За банкарскиот сектор земјата од евро-партнерите веќе доби ветувања за финансиска помош во волумен од 100 милијарди евра. Високите трошоци за државните финансирања меѓутоа предизвикуваат загриженост дека Шпанија ќе мора да го користи европскиот спасувачки чадор. Владата на премиерот Маријано Рахој се спротивставува со строг курс на штедење од преку 65 милијарди евра.