1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Шпигел“ - Балканот рај за инвеститорите

17 јануари 2005

Може ли Србија да биде рај за инвеститорите? Ова е прашањето што го поставува германскиот неделник “Шпигел“ кој тврди дека американските инвеститори со помош на политички врски што ги имаат во Белата куќа, обезбедуваат лукративни зделки на Балканот:

https://p.dw.com/p/AePa

Голем комплимент од Џон Сурма на адреса на Белград со изјавата:“Владата во Белград е отворена и кооперативна. Србија е добро место за бизнис“. Србите не можеа да најдат подобар човек кој толку добро лобира за нивното стопанство. Конечно Џон Сурма не е само бос, туку е голем бос. Тој е првиот човек на најмоќниот железарско-металуршки концерн во светот. ЈУ-ЕС стил чиј годишен промет изнесува 9 ипол милијарди долари. Меѓутоа, може ли Србија воопшто да биде рај за инвеститорите, прашува германскиот неделник и додава:

На ЈУ-ЕС Стил му се допаѓа да работи со Белград. За да привлече и други американски фирми овој концерн неодамна тргна во промотивна акција. Во Њујорк, Кливленд и Чикаго, американските топ-менаџери и претставници на бројни американски фирми дознаваат за предностите на Србија како деловна дестинација. Работна сила? Високо образувана. Географска позиција? Одлична. Она што не го спомнува Џон Сурма, а што има поголема тежина и значење отколку условите за инвестирање е готовноста на владата на Србија да носи вистински олуки. Владата на Восилав Коштуница очигледно е подготвена да им даде предност на американските фирми кога се во прашање деловни аранжмани. Веќе сега Американците се најголеми инвеститори на Сава. Така американскиот тутунски концерн “Филип Морис“ го купи српскиот концерн ДИН за преку 430 милиони долари. Во случајот на железарницата “Сартид“ властите во Белград се покажаа толку кооперативни што во меѓувреме во случајот е вклучено белградското обвинителство кое покрена истрага. Железарницата, и покрај присуството на германски инвеститори кои дадоа соопштение за намери, ја купи ЈУ-ЕС Стил за 23 милиони долари, што е смешна цена. Веднаш се појавија гласишта за корупција кои никако да стивнат. Тоа беше политичко решение под притисок на Вашингтон, проценува економскиот аналитичар Небојша Медановиќ, директор на центарот за проемни во Подгорица. Германскиот амбасадор Курт Леонбергер ја предупреди српската влада дека тоа би можело да предизвика влошување на економските односи со Германија. До толку повеќе што зделките, како што невообичаено остро забележа германскиот дипломат, ги добиваат американски фирми што е последица на политичката стартегија кон САД.

Покрај концернот Тисен Круп, изиграни се чувствуваат и претставниците на меѓународниот банкарски козорциум Вест ЛБ од Диселдорф. Српската железарница “Сартид“ им должеше на банките 110 милиони долари, но со продажбата на американскиот концерн, доверителите останаа без никаква надополна. Наша цел е да го поништиме купувањето, изјави Ханс Алберс, портпарол на банката Вест ЛБ и додава: “Целата досегашна процедура нема ништо заедничко со правна држава“.

Германците добија поддршка од српскиот антикорупциски совет кој случајот “Сартид“ го оцени како најголем скандал во рамките на приватизацијата во Србија. Провизии од милионски суми овозможија да се случи ваков дил. Пред врховниот суд во Белград е подигната тужба поради спорната продажба. И во Хрватска на американските фирми им цути работата, на сметка на слободната конкуренција во која толку се колнат Американците. Така, градбата на делницата на автопатот меѓу Сплит и Дубровник долга 37 километри ја доби американската фирма Бехтел, без претходно распишан јавен конкурс. Домашните градежници останаа со празни раце. И уште еднаш се повтори старата приказна: не беше важна фирмата со најдобра понуда, туку пресудија врските. А, нив фирмата Бехтел, чиј слоган е “Градиме подобар свет“ се чини ги има во изобилство, пред се во Белата куќа. Хрватска опозиција веднаш реагираше со обвинување за корупција. Транспареси интернешенел соопшти дека зделката остава простор за шпекулации. Под притисок на јавноста, владата дозволи зделката да пропадне. Така и Хрватска, како и другите земји на Балканот е во процеп. Од една страна прозападниот курс сака да го круниса со влез во ЕУ, а од друга не сака да ги расипе односите со САД. За сето тоа постои и добра причина: кога станува збор за долгорочна стратегија, Вашингтон е и останува најважаен партнер, пишува неделникот “Шпигел“ во статијата под наслов “Балкан: Рај за инвеститорите“.