1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпрингер ги превзема САТ 1 и ПРО 7

12 август 2005

Типичен виц во економската историја. Пред неколку години медиумскиот магнат Лео Кирх сакаше да ја превземе новинско издавачката куќа Шпрингер. Меѓутоа обидот му пропадна откако се скара со Фрида Шпрингер, наследничката на куќата Шпрингер. Во меѓувреме Кирх пропадна и неговата медиумска империја ја продаде на американскиот инвеститор Хаим Сабан. Иронијата да е поголема токму Шпрингер сега стана сопствен

https://p.dw.com/p/AeOH
Фотографија: AP

ик на некогашната медиумска империја на Кирх. Прилог на Себастијан Шуберт

Читателите кои наутро го прелистуваат весникот „Ди Велт„ попладне „Билд„ а навечер гледаат САТ 1, во иднина ќе добиваат информации од една медиумска империја. Концернот Аксел Шпрингер. Откако оствари примат во областа на печатот Шпрингер групата се впушти во освојување на германскиот телевизиски пазар.

Медиумскиот концерн произнесат на кој му припаѓаат и ТВ каналот Кабел1 и Н-24 каналот кој емитува вести чинеше 4,2 милијарди евра. Овој медиумски концерн сега е втор по големина во Германија, веднаш по Бертелсман. Според Матијас Дофнер шефот на управниот одбор на концернот Спрингер, причините за превземањето се од стратегиска и економска природа:

„ Про 7 е инвестиција, која ќе се исплати. Пред се заради тоа што ние инвестираме во бизнис кој сам по себе е економичен. Дури и во тешките времиња во Германија, акционерското друштво Про 7 и САТ 1 е високопрофитабилна фирма. Второ, ние создаваме предуслови за влез во дигиталната ера, која е работа на иднината. Се на се, нашиот потег се отсликува во континуитет, квалитет и профитабилност„

Пред две години американскиот инвеститор Сабан за смешно мала сума од 525 милиони евра, од пропаднатиот медиумски магнат на Лео Кирх ги купи четирит ТВ Канали. По успешната санација. ПРО 7, САТ 1 Кабел 1 и Н-24 остваруваат гоелма добивка. Во првата половина од годинава, забележан е процентот на гледаност од 30,5% и тоа кај старосната група меѓу 14 и 19 годишна возраст.

Американскиот медиски магнат Хаим Сабан со продажбата на концернот заработи четири пати повеќе од вложените пари за купување на ТВ каналите.

Германскиот новинарски сојуз меѓутоа предупредува дека продажбата е поразителна за слободата на печатот и плурализмот на мислењето во земјата. Претседателот на сојузот, Михаел Конкен стравува од ваквата поставеност на работите на пазарот која според него не е во сопгласност со начелата на демократијата. Отука, тој апелираше до антимонополските власти да не го дозволат планираното превземање. Одлуката се очекува за 4 месеци.