1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер бара “омекнување” на критериумите од европскиот Пакт за стабилност

17 јануари 2005
https://p.dw.com/p/AePZ
Шредер и Штојбер: спротивни ставови околу критериумите на Пактот за стабилност
Шредер и Штојбер: спротивни ставови околу критериумите на Пактот за стабилностФотографија: dpa

Денеска започнуваат преговорите на министрите за финансии на земјите на ЕУ околу европскиот Пакт за стабилност. Германската влада спроти средбата врши притисок за олабавување на трорпоцентната горна граница на новото задолжување на државите. Канцеларот герхард Шредер за весникот “Фајненшел Тајмс Дојчланд” пишува дека финансиската политика која треба истовремено да поттикнува стабилност и стопански пораст, не може да се мери само според придржувањето кон горната граница за буџетски дефицит. Канцеларот очекува тешки преговори во ЕУ и иницира во иднина пред поведување постапка со евентуална парична казна поради непридржување кон горната граница за дефицит, да бидат земени предвид и критериуми како социјални реформи, трошоци за конјунктурата и посебно товари.

Баварскиот покраински премиер Едмунд Штојбер ги нарече “неприфатливи” предлозите на канцеларот и оцени дека така променет Пактот веќе не би нудел никаква можност за спречување на државите од зоната на еврото за незауздано правење долгови.