1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер и Буш согласни околу неопходноста за реформи во ОН

28 јуни 2005

Германскиот канцелар Герхард Шредер во разговорите со американскиот претседател Џорџ Буш во Белата Куќа покрај за жешките светски теми во моментов, разговараше пред се за реформата на ОН и го засили германското барање за добивање на постојано место во Советот за безбедност

https://p.dw.com/p/AcEP
Фотографија: AP

Германија и САД имаат еднакви ставови кога станува збор за неопходноста од реформа на ОН . Меѓутоа постојат разлики во размислувањата за брзината со која тие треба да бидат спроведени .

САД немаат ништо против членството на која било земја во Советот за безбедност на ОН – изјави американскиот претседател Џорџ Буш по средбата со германскиот канцелар Герхард Шредер во Вашингтон .

„Не се спротиставуваме на намерата на ниту една земја да биде членка на Советот за безбедност “ – истакна Буш на пресконференцијата во Белата Куќа, зборувајќи за реформата на Организацијата на Обединетите Нации за која се залага и германија притоа со амбиции да добие и постојано место во највисокото безбедносно тело на Светската Организација.

Шредер рече дека меѓу САД и Германија постојат определен разлики за тоа во кој временски рок треба да се објави проширувањето на Советот за Безбедност:

„Можно е да постојат разлики околу темпото со кое треба да се спроведе реформата . Ние се злагаме за една многу брза одлука . Но јас сум многу задоволен што не постои никакво спротиставување од страна на претседателот околу намерата на Германија да стане постојана членка на Советот за безбедност “.

Буш го пофали германскиот придонес во стабилизацијата на Ирак. Осврнувајќи се на обуката на ирачките сили од страна на Германија , Буш изјави : Тоа е важен елемент во пруижањето помош на Ирачаните за да можат да изградат сопствена одбрана. Буш потем додаде :

„Слободен Ирак во срцето на Блискиот Исток би бил од помош иза САД и за германија“. Шредер се сложи со ваквиот став на американскиот претседател:

Нема дилема . Еден стабилен , демократски Ирак е од европски и германски интерес и затоа и ние сме ангажирани во постигнувањето на таа цел

Буш го охрабри Шредер да продолжи заедно со европските партнери со преговорире за ограничување на иранската нуклеарна програма :

„Мојата порака до канцеларот е дека продолжуваме да работиме со велика Британија , Франција и Германија за да испратиме јасна , усогласена и единствена порака дека развојот на нуклеарното вооружување е неприфатлив и оти процесот кој би му овозможил на Иран да развива атомско оружје е истотака неприфатлив “- изјави Буш .

Шредер се согласи со ваквата порака на Буш притоа додавајќи :

„Ние како меѓународна заедница имаме голем интерес , Иран да не создаде и да развива атомско оружје“