1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер убеден во победа

1 август 2005

Германскиот канцелар, Герхард Шредер, е убеден дека уставниот суд ќе го отвори патот за вонредни избори на 18 септември, исто како што верува во победа на социјалдемократите на изборите. Кандидатот за канцелар на опозиционите партии на унијата, Ангела Меркел, прифаќа само еден ТВ дуел со Шредер и вели дека по сите разочарувања што ги донесоа неисполнетите ветувања, таа во кампањата нема да ветува конкре

https://p.dw.com/p/AcDc
Герхард Шредер
Герхард ШредерФотографија: AP

�ни датуми и бројки.

“Решението да се постави прашањето за доверба на владата беше вистинско, важно и храбро. Не верувам дека може да се каже дека ја предадов власта. За да се продолжи почнатата политика е потребна легитимација на народот “. Вака, за првата германска телевизија, канцеларот Герхард Шредер вчеравечер ги бранеше своите намери за вонредни избори, кои како што рече – верува дека ќе се одржат на 18 септември, односно дека уставниот суд исто така ќе даде зелено светло за избори.

“Сакам да знам дали мнозинството од германскиот народ е за патот што го почнав и за кој што верувам дека е неопходен за нашата земја. Сакам да знам дали народот сака да го поддржи тој пат и натаму или не. Притоа ќе се работи за тоа – кој има истрајност, енергија и искуство да ја води оваа земја во времиња што не се едноставни. Тоа се прашањата за кои сакам луѓето сами да донесат решение. Затоа верувам дека тоа беше важно, исправно и ако сакате, храбро решение.“

На својот противник, кандидатот на опозиционите партии на унијата за канцелар, Ангела Меркел, Шредер и вети дека изборната борба ќе биде фер. Што се однесува до можна коалиција на СПД и новата партија на левицата, евентуално по изборите, канцеларот одговори дека тоа нема да се случи.

“Она што оваа нова апртија го репрезентира е навистина евтин популизам. Таму на врвот има двајца луѓе кои имаат свои дарби. Тоа се големи популисти, извонредни говорници, но кога ќе стане сериозно и гоа е потребна одговорност, тие избегаа од своите функции и ги оставија луѓето. “

Инаку, прашањето на директните ТВ соочувања на Герхард Шредер и Ангела Меркел и натаму не е расчистено. Според весникот „Велт ам зонтаг“, поради недостиг од време Меркел прифаќа само еден телевизиски дуел со Шредер.

„Јас имам време во наредните недели не само за еден, туку за два дуела. Ако тоа се избегнува од други причини, треба и да се каже. Време има“ – рече канцеларот.

Од ЦДУ, по недоразбирањата и околу телевизиската станица на која би требало да се одвива соочувањето, се закануваат дека сосем ќе се откажат од инаку вообичаените дуели.

Дел од набљудувачите претпоставуваат дека Шредер настојува на два ТВ дуели поради убеденоста дека е подобар говорник од Меркел и дека е тоа негова шанса да стигне до што поголем број од неопределените избирачи. Инаку, во интервју за првата германска телевизија, Меркел, не сакаше да одговори конкретно на прашањето кога Германците ќе имаат повторно повеќе работа и повеќе пари во џебот.

“Се она што беше ветено, а потоа не беше остварено создаде многу разочарување. Затоа велам – без конкретни бројки.“