1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штанјмаер - САД

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMl

Соработката меѓу ЕУ и САД е во фокус на разговорите што германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер ги води во Вашингтон. Шефот на германската дипломатија е во придружба на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и еврокомесарот за надворешни работи, Бенита Фереро Валднер. Во американското министерство за надворешни работи треба да се разговара околу подготовките на самитот ЕУ-САД што треба да се одржи на 30 април во Вашингтон. Освен тоа ќе стане збор и за ситуацијата на Блискиот исток, иранската атомска програма и идниот статус на Косово.