Штајнбрик Г - 8
10 мај 2007Реклама
Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик се изјасни за поголемо вклучување на Кина во групата водечки индустриски земји. Во интервју за агенцијата Ројтерс, тој рече дека не ќе може долгорочно да се разговара за ниту еден светски проблем без Кина, но и други држави како Индија, Јужна Африка, Бразил и Австралија. Тој побара групата 8 да се отвори за овие земји.