1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер за преговори со Иран

22 септември 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се изјасни за натамошни напори за преговори со Иран.

https://p.dw.com/p/Adx3
Франк Валтер Штајнмаер
Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: AP

Откако на Иран на крајот на Август му истече ултиматумот, меѓу преговарачките партнери од советот за безбедност и ЕУ се шири нетрпение. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер ги демантираше извештаите дека на Иран му е одреден нов рок до почетокот на октомври

„ Еден таков рок разбирливо не поставивме и за тоа јавно исто така нема да дискутираме. Сегашната ситуација ја гледаме како оправдана можност која ќе се бара во натамошни разговори кои натаму се водат меѓу високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана и иранскиот преговарач Али Лариџани„

Германија веќе три години учествува во настојувањата да се пронајде решение и тоа трае предолго, смета Штајнмаер

„ Покрај се мислам дека најдобриот и најодговорен пат е решението да се бара низ пореговори. И се додека тоа е можно не предлагам да одиме по друг пат. Сепак треба да се подготвиме во случај тоа да не резултира со успех и на тоа работиме„

Санкции на советот за безбедност би биле следно средство за притисок околу кое петте постојани члленки на осветот за безбедност не се единствени. За воведувањето санкции пред се се противи Кина.

За време на разговорите со колегите од земјите членки на НАТО, Штајнмаер се изјасни и во врска со акцијата во Авганистан. Веќе на крајот на месецот германскиот парламент би требало да донесе одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот:

„ Тоа значи дека ние и натаму ќе носиме одговорност, во регионите во кои и германските војници во соработка со хуманитарните организации дадоа придонес во успешните напори за стабилизирање на северниот дел на земјата и голем дел од околината на Кабул„

Со други зборови тоа значи дека германските војници нема да учествуваат на исток и јужниот дел од земјата во борбите со талибанците