1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер на Блиски исток

10 август 2006

Коментар на Петер Филип

https://p.dw.com/p/Adym

Така не се работи со пријатели. Неодамна израеслкиот премиер Ехуд Олмерт ја нарече Германија најдобар пријател на неговата земја и ја охрабруваше на воен ангажман во Либан. Меѓутоа кога германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер дојде во посета за да ја разгледа можноста за политичко решение, Олмерт го остави да чека пред врата, зад која неговата влада вчера донесе одлука за проширување на воената операција во Јужен Либан

Дури и САД, кои секако се уште поголеми пријатели на Израел, очигледно се изненадени со одлуката на израелската влада. А на меѓународен план одеднаш изгледаше дека ја снема секоја шанса во догледно време да се пронајде решение за јужен Либан, откако израеслките воени власти соопштија дека големата офанзива би можела да трае 30 денови. Израелските копнени сили би требало да го прочешлаат регионот околу реката Латина и оттаму да ги протераат паравоените единици на Хезболах.

Меѓутоа од утрината неочекуваната вест е дека офанзивата е прекината. Се вели дека треба да и се даде шанса на дипломатијата. Блискиот исток е секогаш добар за изненадувања, дури и позитивна.

Би било преоптимистички да се верува дека прекинот на офанзивата е исто што и откажување од нејзино продолжение и дека дипломатијата навистина би била во можност да ги реши проблемите кои се позадина на оваа војна и кои придонесоа за продолжување надвор од сите првобитно предвидени мерки. Премногу е оптимистичка надежта дека германскиот министер за надворешни работи придонел за прекин на офанзивата. Веројатно за тоа попрво пристигнал знак од Вашингтон. Од таму Израел досега безрезервно го поддржуваа, но исто така увидоа дека војната мора да се заврши, со цел американскиот имиџ посебно во арапскиот свет да не претрпи уште поголема штета.

Германија притоа игра улога на статист. Дотолку за Франк Валтер Штајнмаер беше смел чекорот во најкраток можен рок по втор пат да замине во Бејрут и Ерусалим, без конкретни планови и предлози во багажот и без мандат или влијание на посредник.

Не е доволно само да се ветува хуманитарна помош. На спротивставените страни им е потребна сосема конкретна политичка и веројатно воена помош. Германија може да пружи само ограничена политичка помош, додека воена во рамки на меѓународни сили не сака, барем засега. Не само заради германската историја и специфичните односи со Израел туку и затоа што таквата опасна интервенција како што е оваа во Либан, би била крајно непопуларна кај германското население.

Посетата на Штајнмаер ќе беше оценета како целосно промашување доколку двет страни одеднаш самите не ги сменија позициите. Владата во Бејрут, во која има министри и од Хезболах, одобри распоредување на либански сили на југот на земјата, а во Ерусалим, доцна, но сепак не предоцна, се согласија да ја прекинат големата офанзива. Малиот прозорец на надеж е отворен, ноп во секој случај тој повторно може да се затвори.