1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер на Блиски исток

6 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag77

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги повика Израелците и Палестинците, сега да ги искористат шансите за мир во регионот. Германија и ЕУ и натаму ќе се залагаат за решение на две држави, нагласи Штајнмаер по разговорите со претседателот на Палестинците Махмуд Абас и неговиот ресорен колега Сиад Абу Амр во Рамала. Денеска Штајнамер е во северен Израел, каде ќе се информира за проблемите околу Голанската висорамнина, која Израел ја окупира во 1967 година. Голанската висорамнина е централна спорна точка во односите меѓу Израел и Сирија, покрај другото и поради нејзиното значење во снабдувањето со вода за пиење.