1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер на средба со палестинските власти

14 февруари 2006

Актуелната палестинска влада покажа разбирање за барањата на Европа , откажувањето од насилството од страна на Хамас да биде услов за продолжување на контактите меѓу ЕУ и палестинските власти.

https://p.dw.com/p/Ac8v
Штајнмаер и Абас во Рамала
Штајнмаер и Абас во РамалаФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Беше тоа само прва посета и ништо повеќе. Во Рамала , германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се сретна со неговиот палестински колега Насер Ал Кидва . Штајнмаер на палестинската страна и го повтори она што ден претходно во западен Ерусалим и го кажа на израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни . Соработката со палестинска влада предводена од Хамас е замислива само под условите на Европејците:

„Повикав на разбирање за европскиот став , кој гласи дека ние сме во состојба да комуницираме да негуваме контакти и да ја продолжиме нашата подршка само за палестинска влада, која е составена од политички сили , кои се изјаснуваат за откажување од насилството , го признаваат правото на постоење на Израел и ги прифаќаат досега постигнатите договори меѓу палестинските власти и Израел“ – изјави Штајнмаер.

Неговиот колега ал-Кидва наспроти тоа побара од Европејците , да продолжат со доставувањето на финансиска помош за Палестинците и во случај нивната влада да биде раководена од исламистите . Се работи пред се за програмата на новата влада а не за силите од кои таа ќе биде изграденаа. Со други зборови , Штајнмаер треба да прави разлика меѓу Хамас и идната палестинска влада , која би можела да биде влада на национално единство , еден вид голема коалиција на партиите застапени во парламентот.

За време на средбата во рамалах меѓу Штајнамер и палестинскиот претседател Махмуд Абас , пристигнаа вознемирувачки новости за палестинската страна од Вашингтон . Според еден извештај на весникот „Њујорк Тајмс „ , САД и Израел планираат да ја дестабилизираат идната палестинска влада предводена од Хамас . Како извор се наведува еден документ на израелски израелски претставник и на западни дипломати .

Целта на таквата стратегија би била , да се изгладни палестинската автономна власт предводена од исламистите. Израел и САД , се вели , планираат да ги затворат славините и меѓународно да ја изолираат, идната палестинска влада.

Од овие причини претседателот Махмуд Абас би бил приморан , по неколку месеци да распише нови избори на палестинските територии. На тој начин повторно на власти би требало да биде доведено секуларното движење Фатах.

Палестинските автономни власти во текот на годината добиваат околу една милијарда долари меѓународна помош. Израел и префрла на палестинската влада месечно околу 50 милиони долари. Притоа станува збор за даноци кои Израелците ги добиваат од Палестинците. Израелската влада сега се заканува дека овие пари повеќе нема да ги префрла на сметката на палестинската влада , доколку таа биде предводена од хамас.

И на внатрешно политички план противниците на Хамас На последната седница на на сеуште стариот парламентарен состав , мнозинството пратеници од Фатах протуркаа закон со кој се засилуваат компетенциите на претседателот Махмуд Абас.

Портпарол на Хамас меѓутоа најаву дека неговата партија во наредниот легислативен период ќе се обиде да го поништи тој закон. Новиот палестински парламент во кој исламистите од Хамас имаат мнозинство , треба за првпат да се состане оваа сабота.