1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер повторно побара ослободување на германскиот заложник во Авганистан

23 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKzL

Германскиот министер за надворешни работи,Франк Валтер Штајнмаер го повтори своето барање за ослободување на вториот Германски заложник во Авганистан . Германија е во контакт со авганистанските власти и се надева на неопгоден успех- изјави Штајнмаер пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Во меѓувреме телото на првиот Германец кој умре за време на заложништвото се наоѓа на пат кон Германија , каде што преку обдукција треба да се откријат причините за неговата смрт. Министерсвото за надворешни работи потврди дека во него биле пронајдени прострелни рани но не е познато дали тие биле причина за смртта.