1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штети во германското стопанство

17 октомври 2007

Корупција, измами, шпионажа: германските фирми годишно од нив трпат штети од најмалку шест милијарди евра. Притоа, повеќе се погодени поголемите фирми со над 5 илјади вработени.

https://p.dw.com/p/Brli
Сименс стана симбол за корупција и мито:колку поголем концерн, толку поголема штетатаФотографија: AP

Ова произлегува од студијата што ја подготвија советничката фирма Прајсвотер хаус и универзитетот во Хале, објавена деновиве.

Германските фирми главно се чувствуваат сигурни кога станува збор за стопанскиот криминал во земјата. Според новата студија, десет проценти од сите анкетирани сметаат дека е можно некогаш да станат жртви на криминални дејства. Штефан Салвенмозер од Прајсвотер хаус е вчудовиден:

„Ако го спротивставам процентот на криминалитет од 49 насто кон проценките за ризикот што постои за фирмите на пазарот, тогаш станува збор за драматично потценување на ризикот. Тешко е во таква ситуација да се чувствува сигурност„.

Чудно до толку повеќе што бројот фирми жртви на стопански криминал порасна од 46 на 49 проценти. Каи Бусман, професор за криминологија на универзитетот во Хале и коавтор на студијата, за тоа има едноствано објаснување: таканаречениот контролен парадокс:

„Тоа значи: колку повеќе контролирате, толку помалку откривате. Колку што сте посензибилен, токлку станувате посвесен за тој проблем. Не само во Германија, туку во сите региони„.

Со подметнувања, фалсификување биланси или поткуп, според студијата, во Германија настануваат штети од шест милијради евра годишно. А, ситуацијата се потценува, зашто вистинските бројки, тврдат авторите на студијата, се далеку над таа сума. Генерално важи дека колку што е фирмата поголема, толку се потешки и штетите:

„Сакам да подвлечам дека не станува збор само за материјални штети, туку и за нематеријални, посебно кај големите фирми. Збор е за штети во репутацијата, а таквите случаи го привлекуваат и вниманието на медиумите„, вели криминологот Каи Бусман. Во анкетата учествуваа 5 илјади фирми во светот, меѓу нив илјада од Германија. Додуша фирмите станаа посензибилни за темата корупција, па многу од нив воведоа етички стандарди или поставија омбудсмани. Сепак, а тоа најмногу ги чуди авторите, повеќе од половината анкетирани не вовеле дополнителни контроли, тврди Салвенмозер:

„Само околу 15 проценти имаат анти-корупциски програми, само една петина има советници. Советнички програми имаат само околу 37 проценти од фирмите, што значи значително заостанување во споредба со светот„. Неговиот заклучок гласи: германските фирми се чувствуваат сигурни на темата стопански криминал. Премногу сигурни.