1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што донесе Давос?

Петра Ламбек27 јануари 2008

Пет дена дискутираа, преговараа и славеа - сега се е готово. Животот во Давос повторно се враќа во нормала. Заврши светскиот економски форум.

https://p.dw.com/p/CyH0
Зградата во која се одржуваше форумотФотографија: AP
Доброто расположение во Давос, годинава беше малку поматено од финансиската криза на светските берзи. Но, Самјуел Ди Пјаца, извршниот директор на ревизорската куќа Прајсвотерхаус купер е задоволен: „Ова беше одлична недела. На почетокот бев загрижен дека расположението ќе биде песимистичко поради финансиската криза, но не беше така. Секако постоеше загриженост, но и многу оптимизам, околу тоа што се случува во светот. Сега сум многу охрабрен“.
Легард: се разговараше за вистински важни теми
Во Давос беше и француската министерка за финансии Кристин Легард која во сопствената земја неделава имаше многу проблеми како што е финансискиот скандал во банката Сосиете Женерал:
„Не бев овде цела недела, но мислам дека се водеа продуктивни разговори и тоа на вистински теми. Годинава овде имаше помалку гламур, што е добро. Во Давос навистина се создава вистинска атмосфера, за луѓето да разговараат за важните теми“.
И Боно е задоволен
Активистот за Африка, познатиот пејач Боно Вокс, во четвртокот разговараше со нобеловецот Ал Гор за заштитата на климата. Повторно се заложи за сиромашните во светот.
„Овде постигнавме многу. Со компаниите Дел и Мајкрософт креиравме два нови „Црвени производи“, со што ќе заработиме милиони долари. Горд сум поради тоа.“
„Црвени производи“ се оние од кои дел од заработувачката оди на фондови посветени на Африка. Тие пари потоа се користат во борбата против СИДА. Оваа иницијатива ја покрена Боно пред неколку години. Инаку во Давос годинава беа собрани 2500 економски експерти, политичари и бизнисмени од целиот свет.