1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е клучно за НАТО?

Александар Чомовски14 мај 2007

На кусата турнеја претседателот на Македонија Бранко Црвенковски доби две спротивставени мислења. Од една страна поддршка од Полска, од друга предупредување на САД дека Македонија заостанува во реформите.

https://p.dw.com/p/AdYR

Полска верува во членстовото на Македонија во НАТО. Но само ден по престојот во Варшава, македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Загреб доби предупредувачка компарација од американскиот државен подсекретар Николас Барнс. Хрватска ги исполнува условите, а Македонија и Албанија заостануваа и треба уште да сработат до Евроатланското членство.

Оваа порака на Барнс, македонскиот претседател ја пренесе и како оценка дека владата непотребно губи на јалови пресметки со него, дека кохабитацијата не функционира поради дистанцирањето и нападите на владата и премиерот Никола Груевски. „Ние губиме неколку месеци околу едно прашање, кое до пред извесен период не беше проблем во Македонија. Како што е на пример политичкиот дијалог, преговарања, средби, без успех, без резултат.“

Оваа изјава на претседателот Бранко Црвенковски во Загреб оркестрираше владино партиски реакции. Викендов двапати владеачката ВМРО ДПМНЕ го обвини шефот на државата дека во меѓународните контакти ја кодоши сопствената земја. Црвенковски го стимулира челникот на ДУИ Али Ахмети да ги опструира преговирте со премиерот Груевски, кажа гласноговорникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски. „Најнеуспешниот премиер во историјата на Република Македонија, треба да и објасни на нашата јавност, заради што тој лобира кај нашите пријатели во меѓународната заедница да вршат притисок врз владат на Република Макеоднија во корист на барањето на ДУИ. Дали за ваквото негово однесување, виновен е притисокот што тој го чувствува од страна на македонската транзициона олигарихија, чиј креатор е самиот тој, или пак тоа го прави по притисоко на СДСМ.“

Околу макеодснката перспектива за НАТО, владините министри Антонио Милошоски и Лазар Еленовски побрзаа и се обидоа да ги амортизираат евентуално неповолните проценки на дел од американскиот Стејт де Партмент.

Се зголемува бројот на земјите што ја поддржуваат Македонија за влез во НАТО, реагираше шефот на ресорот за одбрана „Информацијата околу шесте поддржувачи е информација која што ја знаеме од пред неколку месеци. Мислам дека е денеска навистина доста подобрена, и мислам дека генерално останува прашањето дека треба да покажеме зрелост на нашата демократија нашиот највисок демократски законодатвен дом, мора да работи во полн капацитет. “ истакна Еленовски кој денеска е повторно во седиштето на НАТО.

Неговиот партиски шеф неделава со невообичаенаизјава. Имено лидерот на НСДП, Тито Петковски ја повика Русија да се изјасни за интересите во Македонија. Со јавна изјава Петковски посакува рамнотежа на односите на големите сили во Македонија, што се толкува како амортизирање на доминацијата на САД.

Значаен дел од експертите не ја подржува оваа проруска ориентација на Петковски. „Ако погледнете во последно време, стратешкотот партнерство со САД е во исклучително добра кондиција. Ние тоа мора да го оддржиме. Тоа за нас е многу позитивно. Втората работа е што земја координатор за влез во НАТО, сега е Словенија. Словенија во изминатиот период се покажа како исклучетелно заинтересуирана, која ги познава приликите во Македонија и која искрено лобира за нашиот влез во НАТО.“ вели универзитетскиот професор Трајан Гоцевски прв министер за одбрана на самостојна Македонија.